Вкупно 45 македонски државјани поседуваат 55 недвижнини во Дубаи, покажуваат податоците од истражувањето на норвешкиот медиум Е24 кој дошло до документи за имотите на странци во оваа блискоисточна метропола од Центарот за напредни одбранбени студии со седиште во Вашингтон.
Имотите на македонските државјани според објавените податоци чинат 14 милиони долари. Нема имиња на лицата кои ги поседуваат имотите.
Во извештајот се опфатени 800.000 имоти кои се сопственост на 274.000 поединци и компании од целиот свет.
Податоците и табелата со бројот на сопственици на имоти во Дубаи од сите земји се однесуваат на 2020 година.
Врз основа на информации од јавен карактер, истрагата процени дека странците вложиле над 145 милијарди долари на пазарот на домување во Дубаи.