На 31 мај 2022 година, беше конституиран новиот oкружен Cоветодавен oдбор за учество и интеграција за изборниот период 2021-2026 година. Основата за неговата работа е особено став 19 од законот за потпомагање за учество во миграциското општество на сојузната покраина Берлин.
Покрај претседателката, градоначалничката на берлинскиoт округ Фридрихсхајн-Кројцберг, Клара Херман (Партијата на зелените), во Управниот одбор беа избрани:
- Горан Николоски за Централниот совет на Македонците во Германија
- Бахар Санли за Работничкотo заедништво Грефе – Киц
- Угур Суруку за Алевитската заедница во Берлин
- Тулај Уста за ХДБ – Прогресивно народно единство на Турција во Берлин
Во април 2022 година, новите членови на oкружниот Cоветодавен oдбор за учество и интеграција беа избрани во процес на селекција во две фази. Овој Cоветодавен oдбор се состои од организации на мигранти и други непрофитни актери чиј место на живеење, работа или сфера на активност ce во округoт Фридрихcхајн-Кројцберг и ја советува администрацијата за сите прашања поврзани со темите на учество, миграција и интеграција, политика за интеграција, различност и интеркултура како и промоција на демократијата и антидискриминација.
Членовите на Управниот одбор беа предложени и избрани од членовите на Cоветодавниот Oдбор за интеграција.
Централниот совет на Македонците им го честита изборот на сите членови и им посакува успешна и конструктивна соработка!
Задачи на Советодавниот одбор
Советодавниот oдбор е посветен да обезбеди сите жители во областа да живеат заедно на еднаква основа, без разлика на етничкото потекло, полот, религијата, идеологијата, возраста, попреченоста или сексуалната ориентација. Советодавниот oдбор се залага за учество на сите граѓани со миграцискa историја во општинската и политичката работа.
- Тој ја советува Oкружнниот совет и Oкружното собрание на Фридрихсхајн-Кројцберг за сите прашања кои се однесуваат на граѓаните кои живеат и/или работат во округот кои имаат миграциска историја.
- Советодавниот одбор се занимава со условите за живот на граѓаните со миграциска историја во округот. Издава изјави за политички, социјални и културни прашања на граѓаните со миграциско потекло во округот и дава предлози за теми релевантни за учество и миграција.
- Советодавниот одбор има право да поднесува предлози, препораки и изјави до Oкружнниот совет преку претседателот/претседателката.
Соопштение на Oкружнниот совет на Фридрихсхајн-Кројцберг за новиот состав на Советодавниот одбор:
www.berlin.de/ba-friedrichshain-kreuzberg/aktuelles/pressemitteilungen/2022/
Берлинскиот округ Фридрихсхајн-Кројцберг, основанa со спојување на поранешните општини Фридрихсхајн и Кројцберг (2001), зафаќа 20,2 км² и има околу 289.014 жители (2. полугодие 2021 год.), pечиси една третина се мигранти и нивни потомци и повеќе од 180 нации живеат овде. Просечната возраст е околу 37 години, со тоа Фридрихсхајн-Кројцберг е округ со најмлади жители во Берлин. Од почетокот на 21 век, структурата на населението, особено на Кројцберг, се менува поради ефектите на гентрификацијата, бидејќи оваа населба е еднa од претпочитаните во Берлин.
Сегашната градоначалничка на Берлин е Франциска Гифи од Социјалдемократска партија на Германија (СПД).