Елизабет Холмс има само 31 година, а веќе заработува милијарди. Иако на 19 години се откажала од студиите на престижниот универзитет Стенфорд, таа во 2003 година ја основала нејзината прва лабораторија под името Теранос. Елизабет ги вложила сите пари од својата школарина во медицински истражувања, со кои таа открила нови здравствени методи. Имено, се работи за крвни тестови кои можат побрзо и поефикасно да откријат десетина заболувања и состојби, од висок холестерол до рак, за што е доволно само една капка крв. Мотив за нејзината работа бил нејзиниот вујко кој починал од рак.
Денес во компанијата на Елизабет Холмс работат околу 700 луѓе, а минатата година таа заработила 9 милијарди долари. „Бизнис Инсајдер“ ја рангираше на прво место на листата на најдоходовните луѓе во Силиконската долина. Таа е 110-та на листата на „Форбс” за 2014 година, а годинава се рангираше на првото место како најбогатата жена во САД, со имот вреден 4,7 милијарди долари.