Најнеобични меѓународни граници во светот

Обележувањето на границите меѓу државите не е секогаш едноставно и лесно, но може да биде необично и интересно. А доказ за тоа се следниве држави.

Норвешка и Шведска
Патеката на која возат сноу-мобили е граница меѓу двете нордиските земји.
шведска-норвешка

Хаити и Доминиканска Република
Оваа природна граница меѓу зеленилото и сушата, ги разделува двете држави. На левата страна се наоѓа Хаити, а на десната Доминиканската република.
хаити-доминиканскарепублика

Аргентина, Парагвај и Бразил
Точката каде што се спојуваат реките Ивасу и Парана е позната како тројна граница, што ги разделува трите народи во Јужна Америка.
аргентина-парагвај-бразил

Кина и Непал
Највисоката планина во светот, Монт Еверест, ја означува границата помеѓу овие две држави.
непал-кина

Аргентина и Бразил
Водопадите на реката Ивасу е границата меѓу бразилската држава Парана и аргентинската провинција Мисионес.
аргентина-бразил

Холандија и Белгија
Границата во градот Барле е една од најзбунувачките граници во светот. Целиот град е опкружен со Холандија, но 26 одделни парчиња од градот ѝ припаѓаат на Белгија. За да биде појасно, но и поинтересно, на улиците се поставени знаци. Па така, туристите и локалните жители, секогаш ќе знаат дали се во Белгија или Холандија.
холандија-белгија

Костарика и Панама
Мостот над реката Сиксаола секојдневно го поминуваат многу автомобили, камиони и пешаци кои преминуваат од Костарика во Панама.
костарика-панама

Бразил и Боливија
Границата ја означува река која ги дели дождовните шуми на Бразил од шумите на Боливија.
бразил-боливија

Полска и Украина
Овој дел од границата меѓу двете европски нации, секоја година е украсен за време на Фестивалот на уметноста.
полска-украина

Аргентина и Чиле
Оваа статуа на Исус Христос се наоѓа високо во Андите и има за цел да донесе мир меѓу двата народи во Јужна Америка.
аргентина-чиле

САД и Канада  
Патеката која ја означува границата меѓу овие држави е впрочем и најдолгата меѓународна граница во светот, која се протега на околу 5.500 милји, односно 8800 километри.
сад-канада

Австрија, Унгарија и Словачка
Пикник масата е локацијата каде се среќаваат овие трите земји на Европската Унија.
австрија-словачка-унгарија

Ватикан и Италија  
Влезот на познатиот плоштад Свети Петар ја означува границата меѓу Италија и Ватикан.
ватикан-италија

Шпанија и Мароко
Високите огради меѓу овие две држави, се постваени за да се запре илегалната имиграција во Шпанија.
шпанија-мароко

Северна и јужна хемисфера
Иако не се работи за државна граница, овој парк во Еквадор заслужи да се најде на листата, бидејќи во него е обележана точката од нула степени географска ширина, каде двете хемисфери се спојуваат.

еквадор

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија