Форбс ја објави листата на најплатени јутјубери во 2021 година. На прво место беше Џими Доналдсон, попознат како MrBeast.
Неговите клипови на YouTube имаат повеќе од 10 милијарди прегледи, а му донесоа профит од 54 милиони долари.
Минатата година заработи повеќе од најдобрите спортисти во светот, како Новак Ѓоковиќ, Лионел Меси, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, кои сите заработија околу 40 милиони долари.
Џими го надмина 10-годишниот рецензент на играчки Рајан Каџи, кој беше на врвот на листата во последните две години.
Истражувањата покажуваат дека во 2021 година, платформата YouTube имала 2,3 милијарди корисници ширум светот.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група