Во 2024 година има одредени промени во Германија. За многу жители на Германија ова е добра вест, бидејќи ќе добијат повеќе пари на нивната сметка.
Има уште време до почетокот на годината, но во 2024 година Германците ќе се соочат со промени кои се веќе познати.
Според германските медиуми, некои жители во новата година ќе добијат повеќе пари.
Минималната саатница ќе се зголеми во 2024 година
Оној што моментално работи за минимална плата едвај ја чека 2024 година, затоа што ќе добие повеќе пари. Минималната саатница во моментов е дванаесет евра на час. Тоа ќе се промени на 1 јануари 2024 година, кога саатницата ќе се зголеми за 41 цент.
Владата најавува дека тогаш минималната саатница во Германија ќе изнесува дванаесет евра и 41 цент бруто на час.
Сепак, тоа не е се. И луѓето со мини џоб имаат корист од зголемувањето на минималната саатница. Како резултат на новата реформа, паралелно се зголемуваат минималната саатница и месечната граница на плата за мини џоб места.
Од 1 јануари 2024 година, границата на мини работни места повеќе нема да биде 520 евра месечно, туку 538 евра месечно.
Промени во 2024 година: Пониска граница на приход за родителска помош
Границата на приходите што го одредува правото на родителска помош – Елтернгелд – драстично ќе се намали. Претходно, родителски додаток можеа да бараат родители кои имале заеднички нето приход до 300.000 евра годишно и самохрани родители со нето приход до 250.000 евра годишно. Тоа треба да се промени во 2024 година.
Од 1 јануари 2024 година ограничувањето на приходите за самохрани родители и парови ќе се намали на годишен приход од 150.000 евра.
Известено е од Министерството за семејства. Дали оваа промена конечно ќе се имплементира ќе се одлучи во декември 2023 година.
Пензионерите во Германија добиваат многу повеќе
Околу три милиони луѓе добиваат инвалидска пензија во Германија. Сите тие треба да добијат повеќе пари од 2024 година. Колку повисока пензија има некој зависи од тоа кога ќе се пензионира.
Ако почетокот на вашата пензија беше помеѓу 2001 и мај 2014 година, можете да очекувате додаток на пензија од 7,5 проценти.
Секој што првпат ја примил пензијата во периодот од јули 2014 до декември 2018 година може да очекува додаток од 4,5 отсто. Објави Германското друштво за пензиско осигурување. Не е потребно да се поднесе барање за додатокот, тој ќе се исплати без барање, објаснуваат германските медиуми.
Повеќе поддршка за луѓето на кои им е потребна грижа
Од 2024 година ќе се воведат важни промени за луѓето на кои им е потребна грижа и нивните роднини кои се грижат за нив.
Додатокот за нега и помош се зголемува за пет проценти во 2024 година. За 2025 година се планира зголемување за уште 4,5 отсто.
Дополнително, од 2024 година, вработените негуватели ќе можат да аплицираат за годишен додаток за нега, што претходно беше можно само еднаш по случај на нега.
Во 2024 година ќе се зголеми и субвенцијата за сопствен удел во трошоците за нега при престој дома.
Во првата година се зголемува од 5 на 15 отсто, во втората година од 25 на 30 отсто, во третата година од 45 на 50 отсто и од четврта година од 70 на 75 отсто.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.