Еден нов и навистина занимлив закон е дека со Б возачка категорија повеќе не смеете да возите возила кои се потешки од 1800 килограми.
Моментално таа граница е на 3500 килограми. Покрај забраната за возила потешки од 1800 килограми, сакаат да додадат и забрана со која не смеете да возите побрзо од 110км/ч.
Оние кои сакаат да возат тешки и поголеми возила, како на пример SUV ќе мора да имаат минимум 21 година и мора да имаат положено посебна Б+ категорија, што секако ќе ве кошта време и пари.
Образложението е дека со оваа забрана и огранучување сакаат да постигнат да младите возачи не возат големи возила како што се големи џипови или SUV за да ги намалат несреќните случаеви во сообраќајот.
Според мене, една работа е овде навистина бесмислена, односно 1800 килограми е некаква граница која е навистина збунувачка бидејќи тука не спаѓаат само SUV, туку и денешните електрични или хибридни возила лесно доаѓаат до таа граница од 1800 килограми така да ќе бидете ограничени при изборот и купувањето на нов автомобил.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.