Норвешка е единствената нордиска земја и една од малкуте европски земји кои сè уште не дозволуваат двојно државјанство, но се чини дека тоа би можело да се промени во блиска иднина.
Парламентарната комисија на 3-ти март официјално побара од Владата на Норвешка да ја разгледа опцијата за воведување двојно државјанство – предлог кој наиде на остри критики и беше оценет како „анахрон“.
Свајнунг Ротеватн од Либералната партија, изјави дека Норвешка треба да ја следи неодамнешната одлука на Данска за воведување двојно државјанство, додавајќи дека ваквата забрана е пречка за интеграција во една мултикултурна земја.
„Тоа е особено важно за подобра интеграција на странците во нашето општество. Со добивање државјанство, тие ќе можат да служат во војската, да гласаат на сите избори, па дури и да играат за норвешката фудбалска репрезентација”, изјави тој во јули минатата година.
Според сегашниот закон, странците кои живеат во Норвешка мораат да се откажат од своето првично државјанство, доколку сакаат да добијат норвешко. Истото треба да го сторат и Норвежаните кои живеат во странство, а сакаат да добијат државјанство од државата во која живеат.