Најбогатата европска земја нема нема аеродром и железница, но има задолжителен годишен одмор

Иако е најбогата земја во Европа, барем според процените на ЦИА World Factbook, Лихтенштајн нема аеродром и железница, а граѓаните имаат пауза за ручек долга дури 90 минути.

Во текот на тие час и половина, од 12 до 13:30, државата мора да биде во тишина, односно не е дозволено косење на тревата или гласна бучава. Покрај тоа, Лихтенштајн на своите граѓани им наложува секоја година во февруари или март да земат еднонеделен одмор за да се занимаваат со спорт на таканаречениот „спортски празник“, а данокот на добивка е меѓу најниските во Европа – 12,5 отсто.

Оваа држава нема излез на море и е една од најмалите земји во светот со помалку од 40.000 жители, од кои една третина се странци. Иако не е членка на Европската Унија, таа е дел од Европската слободна трговска зона (ЕФТА), шенген-зоната и Европската економска област. Како е можно тоа?

Имено, по Првата светска војна Лихтенштајн се нашла на работ на банкрот, па одлучила да ги намали даноците. Поради тоа во 50-тите години највисокиот данок бил само 1,4 отсто, што нормално привлекло многу странски корпорации своите седишта да ги отворат токму во Лихтенштајн.

Така, веќе до 70-тите години од минатиот век економијата на земјата процветала, а денеска ЦИА го опишува Лихтенштајн како напредна, високо индустријализирана економија отворена за претпријатијата со развиен финансиски сектор.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија