Манитоба со нова програма за стручни работници од странство

На 30 април 2015 година, Манитоба започна нова програма наменета за имиграција на стручни работници, како дел од Manitoba Provincial Nominee Program (MPNP). Кандидатите кои ќе успеат да се квалификуваат во оваа програма, ќе можат да аплицираат за постојан престој во Канада.

Манитоба е просперитетна канадската провинција со можности за вработување. Досега оваа област стана дом на речиси 130.000 луѓе од целиот свет. Според адвокатот Дејвид Коен, Манитоба е најатрактивна за странци кои имаат некаква поврзаност со оваа област преку нивните семејства и пријатели, или веќе работеле таму.

Оваа програма има некои сличности со онаа која се спроведува на федерално ниво, но сепак постојат некои разлики кои треба да се разгледаат. Имено, додека MPNP дава предност на стручни работници од странство кои веќе имаат врски со Манитоба, програмите на федерално ниво немаат фокус или цели за одредени провинции, со исклучок на Квебек. Владата на Канада преку Express Entry програмата дава зелено светло на странски работници без разлика на областа во која тие сакаат да живеат.

И двете програми користат исти критериуми според кои ги оценуваат заинтересираните кандидати. Имено, кандидатите се рангираат според одредени квалификации како што се владеење на јазикот, образованието, возраста и работно искуство. Разликата е во тоа што според поените, програмите имаат различен праг кој кандидатот треба да го помине. Федералната програма бара 67, додека пак новата програма на Манитоба бара само 60 поени. Сепак, врската со Манитоба е толку важна за MPNP, што кандидатите можат лесно да изгубат поени ако немаат блиски роднини во оваа област, па дури и ако едноставно имаат роднини во друга провинција, или пак ако претходно веќе аплицирале на програма за имиграција во друга покраина.

За повеќе информации околу условите и начинот на аплицирање, кликете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија