Огласи за медицински сестри во Германија

Residenz Heilig Geist Park има потреба од регистрирани медицински сестри (RN) кои ќе работат со стари лица. Ваша задача ќе биде средување на рецептите и лековите, како и електронска документација.

Residenz Heilig Geist Park се обврзува да Ви помогне во процесот на средување на Вашите документи, како и во обуката и подобрувањето на Вашите познавања на германскиот јазик. Исто така, ќе Ви помогне во наоѓање на престој и ќе Ви дозволи за ограничен временски период да ги користите капацитетите со кои располагаат.

Можете да ги испратите Вашите документи преку e-mail или да исконтактирате преку Skype.
Бруто платата изнесува 8,65 евра по час додека трае процесот на одобрување. Штом ќе бидете примени, Вашата плата ќе биде прилагодена на просечната плата на сите регистрирани медицински сестри кои се вработени во оваа институција.

За да го видите официјалниот оглас, кликнете тука.


 Се бараат квалификувани медицински сестри за работа во центар за социјална грижа во Берлин.

Потребни услови: А2 ниво на гермнаски јазик, завршена обука за медицинска сестра и возачка дозвола. Од Вас се бара да бидете комуникативни, одговорни и да имате желба за работа со постари лица.

За сите останати услови и за начинот на аплицирање, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија