Многу Македонци кои работат на брод се враќаат со убави импресии, но за жал постојат и такви случаи кога нештата тргнуваат во погрешен правец. Пред да заминете, добро информирајте се за посредничката агенција која ви ја наоѓа работата, или доколку одите на своја рака, информирајте се за компанијата за која ќе работите.
Во прилог објавуваме вистинска приказна за една млада девојка од Нови Сад, која завршила во канџите на проституцијата.
„Отидов на море да работам како танчерка во познат клуб на црногорското приморје. Не помина ни еден месец, а газдата ми понуди да танцувам на туристички брод кој испловува навечер. Се согласив и оттогаш започна пеколот во мојот живот“ – раскажува М.Б од Нови Сад, која наместо да летува и да работи сезонска работа – завршува во ланец на проституција. Таа вели дека очекувала да добива непристојни понуди на бродот, но ја запрепастило тоа што немала избор и била принудена на проституција.
„Покрај мене на бродот имаше уште пет девојки, а единствено што можев во тој момент да направам е да скокнам од бродот и да пробам да испливам до брегот кој веќе не се ни наѕираше. Другите девојки знаеја што ги чека, така што бев сама во ова и без можност да се избегам. После таа ноќ газдата ми купи нова гардероба, шминка и ме пресели во друга соба. Никаде не одев сама, меѓутоа после 20 дена успеав да повикам пријател и да го замолам за помош. Ме извлече од таму така што се закануваше дека сѐ ќе објави во медиумите. Така се вратив во Србија, но стравот во мене живее.“ – раскажува М.Б.
„Многу е тешко да им се влезе во траг на повеќето девојки кои доаѓаат во Црна Гора и завршуваат во ланецот на проституција, затоа што најпрво тие работат по туристичките места како келнерки, танчерки или хостеси. Сите работни места кои им се нудат на девојките на прв поглед не се сомнителни. Девојките еден месец работат како келенерки, за потоа сопствениците на локалите или некој од нивното опкружување да им купи скапа облека или да им најде подобро сместување. После тоа девојките влегуваат во должничко ропство, затоа што немат пари кои би го платиле сето тоа што го добиле и приморани се да се проститурираат. Од друга стана, има и девојки кои свесно влегуваат во ланец на проституција, затоа што мислат дека може да заработат големи пари и да излезат од сето тоа кога сакаат, што не е така во реалноста“ – тврди Ајда Петрович од невладината организација Црногорско женско лоби. Таа вели дека и девојките се жртви на различни врсти на насилство, а повеќето конзумираат дрога и алкохол.
„Сите девојки со кои сме разговарале се престрашени и жртви на разни врсти на насилство. Помеѓу нив има и малолетнички, меѓутоа макрото им набавува документи каде наводно се полнолетни и здрави, иако можни се случаи каде девојките се заболени од некоја болест. Покрај Црна Гор,а девојките одат и во Турција и Дубаи, најчесто со посредство на модни агенции. Најпрво се модели а потоа и проституки кои заработуваат по 100 евра на час.“