Плати во Дубаи – Список на плати по занимање

Дубаи е единствена метропола која привлекува луѓе од целиот свет. Високите облакодери, луксузните хотели, богатите трговски центри ни укажуваат дека платите во Дубаи се високи. Исто така, под оваа сјајна фасада, Дубаи крие голем број можности за вработување. Покрај тоа, Дубаи нуди бројни други бенефиции како што се нулта стапка на данок на доход.

Луѓето од Балканот исто така го препознаа шармот на Дубаи и се почесто избираат да ја продолжат својата кариера таму. Се проценува дека во моментов во Обединетите Арапски Емирати живеат околу 15.000 Македонци. Мнозинството Македонци во Дубаи се занимаваат со манекенство, мода и убавина, градежништво и информатичка технологија.

Плати во Дубаи по занимање

Иако изгледа дека во Дубаи се е сјај и луксуз, всушност не е така. Платите не се ни приближно високи колку што мислат многу луѓе, особено ако работите физичка работа. Освен тоа, трошоците за живот се многу високи, па можеме да заклучиме дека луксузниот начин на живот во овој град го водат исклучиво луѓе кои се таму како туристи, а не како вработени. Според податоците на сајтот indeed.com, еве ги платите во Дубаи.

Платите на медицинските работници

  • Општ лекар – Од 5200 евра
  • Доктор специјалист – Од 7900 евра
  • Медицинска сестра – Од 2100 евра
  • Фармацевт – Од 2500 евра
  • Физиотерапевт – Од 2400 евра
  • Анестезиолог – Од 10.000 евра
  • Лаборант – Од 2000 евра
  • Психијатар – Од 8800 евра

Платите на занаетчиите

Електричар – Околу 2000 евра
Водоводџија – Околу 1900 евра
Ѕидар – Околу 1800 евра
Столар – Околу 1800 евра
Плочкар – Околу 2000 евра
Автомеханичар – Околу 2200 евра
Личен возач – Околу 1600 евра
Возач на камион – Околу 1500 евра

Плати на ИТ професионалци

  • Софтверски инженер – Од 4000 евра
  • Мрежен инженер – Од 4000 евра
  • Администратор на база на податоци – Од 4500 евра
  • Веб дизајнер – Од 3500 евра
  • Cloud инженер – Од 5000 евра
  • Data Scientist – Од 5000 евра
  • UI/UX дизајнер – Од 3500 евра
  • ИТ проект менаџер – Од 6000 евра

Плати во угостителството

  • Келнер – Од 1000 евра
  • Готвач – Од 1400 евра
  • Помошник готвач – Од 900 евра
  • Рецепционер – Од 1200 евра
  • Бариста – Од 1000 евра
  • Собна послуга – Од 900 евра
  • Менаџер на ресторан – Од 2400 евра
  • Сомелиер – Од 1800 евра
  • Помошен кујнски персонал – Од 800 евра

Како до вработување во Дубаи без посредничка агенција – емигрико.мк (emigriko.mk)

Минимална плата во Дубаи

За разлика од повеќето европски земји, во Обединетите Арапски Емирати нема законски дефинирана минимална плата. Сепак, и покрај тоа, платите за повеќето професии се доволни за покривање на минималните трошоци за живот. Според некои извори, минималните трошоци за живот во Дубаи се меѓу 700 и 1000 евра месечно, што би можеле да го земеме и за минимална плата.

Трошоци за живот во Дубаи

Со цел да се разбере каков е стандардот на живеење во Дубаи, важно е да се погледнат трошоците во контекст на платите. Платите се значително повисоки отколку во балканските земји, но и трошоците се значително повисоки. Доколку се занимавате со некоја од послабо квалификуваните работи, големи се шансите платата едвај да ви ги покрие животните трошоци, додека ако работите некоја од менаџерските работи, веројатно ќе успеете да заштедите пари на крајот на месецот.

Како полесно да добиете работа во Дубаи – емигрико.мк (emigriko.mk)

Цени на станови во Дубаи

Без разлика дали изнајмувате или купувате стан во Дубаи, ова е еден од најголемите трошоци што ќе ги направите. Цените на становите може многу да варираат во зависност од локацијата, големината и декорацијата на станот. На пример, годишната кирија за гарсоњера во Дубаи може да биде од 10.000 до 20.000 евра. Двособен стан, во кој би можело да живее цело семејство, ќе ве чини од 20.000 до 30.000 евра.

Вистината за Дубаи (испратена статија) – емигрико.мк (emigriko.mk)

Цени за превоз во Дубаи

Јавниот транспорт е многу добро организиран во Дубаи. Достапни се метро и градски автобуси. Месечна карта за метро во Дубаи е околу 90 евра, додека едно возење чини околу 2 евра. Достапен е и такси превоз, но и Uber, но цените во тој случај се значително повисоки.

Исто така е многу исплатливо да имате сопствен автомобил во Дубаи. Бидејќи Обединетите Арапски Емирати се еден од најголемите производители на нафта во светот, горивото е значително поевтино отколку во Европа. Значи литар дизел чини околу 0,8 евра, а литар бензин околу 0,85 евра.

Цените на храната во Дубаи

Цените на храната во Дубаи не се премногу високи и се прифатливи во споредба со другите слични градови. Во повеќето случаи, храната која е локална и се произведува во Емиратите има значително помала цена од оние намирници кои се увезуваат од Европа или од други делови на светот.

  • Шише вода – 0,5 евра
  • Лименка Кока Кола – 0,6 евра
  • Литар млеко – 1,6 евра
  • Леб – 1,5 евра
  • Килограм ориз – 2,5 евра
  • Јајце – 0,3 евра
  • Килограм сирење – 17 евра
  • Килограм говедско месо – 13 евра
  • Килограм јаболка – 2 евра
  • Килограм банани е 1,8 евра
  • Килограм домати – 1,7 евра

Работи што треба да ги знаете пред да одите во Дубаи

Животот во Дубаи всушност не е толку гламурозен и совршен како што мислат многу луѓе. Иако Дубаи на социјалните мрежи е претставен како оаза на луксуз, ако се преселите таму на работа, мали се шансите да го доживеете тој луксуз. Дополнително, важно е да се земе предвид дека Дубаи е културно целосно различен од европските земји, па затоа е важно да се има на ум неколку работи.

  • Владата на Дубаи ги блокира сите веб-страници што ги смета за „навредливи“ за верските, моралните и културните вредности на Обединетите Арапски Емирати. Тоа значи блокирање на сите порнографски страници, апликации за запознавање, страници кои ги критикуваат исламските вредности и слично.
  • Во Дубаи е навистина жешко. Топло како да си заклучен во автомобил кој седи на сонце на 40 степени. Иако ветрот постојано дува, тоа не е олеснување, бидејќи ќе се чувствувате како некој да ви вперил фен во лице. Покрај тоа, Дубаи има навистина многу малку зеленило, па асфалтот и бетонот насекаде околу вас само ја влошуваат ситуацијата.
  • Сообраќајните камери се насекаде. Ако возите сопствен или изнајмен автомобил во Дубаи, обрнете посебно внимание на вашето однесување во сообраќајот. Во спротивно, ќе добиете непријатно изненадување на домашна адреса.
  • Тешко е да се дојде до алкохол. Всушност, за да консумирате алкохол, дури и во вашите сопствени четири ѕида, ќе ви треба посебна лиценца.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија