Колкави се платите во Австрија: Список на плати по занимање

Австрија е ветената земја за многу луѓе од Балканот. Оваа земја е позната по својот висок стандард, стабилна економија и квалитетни работни услови и затоа привлекува голем број работници од целиот свет. Се проценува дека повеќе од 30 000 Македонци, или над 360.000 луѓе од поранешна Југославија, живеат и работат во Австрија.

Најголем број Македонци во Австрија се занимаваат со занаетчиство, медицина, угостителство, но има и такви кои работат во ИТ индустријата. Доколку и вие размислувате за преселба, во оваа статија ќе дознаете колкави се платите во Австрија по професија, како и колкави се трошоците за живот. Оваа информација може да ви помогне да пресметате колку би заработиле доколку работите во Австрија, како и колку пари би ви останале по сите трошоци.

Плати во Австрија по професија

Подолу можете да најдете листа на плати во Австрија по професија. Имајте на ум дека се работи за бруто-плати, што значи дека по плаќањето данок, работникот си носи дома значително помал износ. Исто така, имајте во предвид дека се работи за просечни плати по професија, што значи дека тие можат да варираат и да бидат значително повисоки или значително помали во зависност од различни фактори.

Плати на медицински работници во Австрија

Австрија има еден од најдобрите здравствени системи во Европа, што се одразува на нивото на платите и општите услови за работа во овој сектор. Платите на медицинските работници во Австрија се на завидно ниво и се многукратно повисоки отколку во балканските земји.

  • Возач на Брза помош – 2400 евра
  • Анестезиолог – 5200 евра
  • Стоматолог – 4500 евра
  • Масер – 2600 евра
  • Нутриционист – 2900 евра
  • Радиолог – 3200 евра
  • Фармацевт – 3800 евра

Платите на занаетчиите во Австрија

Привлечни се платите на занаетчиите во Австрија, особено за работниците од Балканот. Занаетчиите како градежници, водоинсталатери, електричари и слични професии можат да очекуваат заработка од околу 2.000 до 3.000 евра месечно, во зависност од искуството, специјализацијата и видот на работата.

  • Ѕидар – 3.000 евра
  • Столар – 2.900 евра
  • Кранист – 3.800 евра
  • Молер – 2.800 евра
  • Водоводџија – 3.200 евра
  • Пекар – 2.700 евра
  • Месар – 3.100 евра
  • Тракторист – 2.400 евра
  • Електро инженер – 4.800 евра
  • Чистач – 1.800 евра
  • Возач на автобус – 3.500 евра

Плати во Австрија за угостители

Угостителската индустрија во Австрија нуди значителни можности за работниците од Балканот, како во однос на атрактивни плати, така и во однос на професионалниот развој. Платата за угостителските работници, како што се келнерите, готвачите и хотелскиот персонал, варира во зависност од локацијата, видот на угостителската установа и искуството на работникот. Почетните плати се движат од околу 1.500 до 2.500 евра месечно, додека поискусните работници и оние на повисоки позиции може да очекуваат поголема заработка.

  • Хостеса – 2700 евра
  • Помошник готвач – 2100 евра
  • Бариста – 2400 евра
  • Готвач – 2800 евра
  • Главен готвач – до 6000 евра
  • Работник во фаст фуд – 2200 евра
  • Рецепционер – 2000 евра
  • Келнер – 2300 евра

Плати во ИТ индустријата

За ИТ експертите од Балканот, Австрија не само што нуди подобри финансиски услови, туку и можност за работа на иновативни проекти, користење на најновите технологии и професионален развој во стабилна и стимулативна средина.

  • Андроид developer: Од 3300 до 8600 евра
  • Backend developer: Од 3200 до 8400 евра
  • IOS developer: Од 3500 до 10000 евра
  • Webmaster: Од 2200 до 4300 евра
  • Веб дизајнер: Од 2700 до 5200 евра
  • SAP специјалист: Од 3600 до 8400 евра
  • ИТ тестер: Од 2900 до 5200 евра

Бруто и нето плата во Австрија

Во Австрија, бруто платата го претставува вкупниот износ на заработка пред одбивање на даноците и социјалните придонеси. Нето плата е износот што го добива работникот откако ќе се одбијат сите даноци и придонеси од бруто платата. Овие два износи значително се разликуваат поради даночниот систем и придонесите кои се однесуваат на заработката.

Детски додаток во Австрија – емигрико.мк (emigriko.mk)

За да се пресмета нето платата од дадена бруто плата во Австрија, мора да се земе предвид следново:

  1. Данок на доход: Данокот на доход во Австрија се пресметува прогресивно, што значи дека повисока даночна стапка се применува за поголема заработка. На пример, повисока даночна стапка од 30% се применува за износи над 50.400 евра годишно (4.200 евра месечно).
  2. Придонеси за социјално осигурување: Тие вклучуваат придонеси за пензиско и здравствено осигурување, како и осигурување за невработеност. Овие придонеси се одбиваат од бруто заработката.
  3. Личен одбиток: Во Австрија постои концепт на личен одбиток, кој ја намалува даночната основа, односно износот на приходот што се оданочува. Во 2024 година личниот одбиток е зголемен на 560 евра.

Севкупно, даноците и придонесите би можеле да бидат околу 40% од бруто заработката. Тоа значи дека од бруто плата од 3.000 евра, вработен може да очекува нето плата од околу 1.800 евра.

Минимална и просечна плата во Австрија

Од јули 2020 година, минималната плата во Австрија е 1.500 евра. Ова е бруто износот, пред даноци, што значи дека работникот со минимална плата носи дома значително помалку.

Здравствен систем во Австрија – емигрико.мк (emigriko.mk)

Што се однесува до просечната плата, можеме да кажеме дека таа варира во зависност од секторот, како и во зависност од регионот. Сепак, за да создадеме слика за просечните плати, ќе дадеме неколку примери:

Земјоделство – 2.041 €
Банкарство – 2.983 €
Градежништво – 2.215 €
Образование – 2.359 €
Транспорт – 2.254 €

Од што зависи платата?

Платите во Австрија се дефинирани на сличен начин како и во другите земји. Пред сè, важно е да се разбере дека платата може да варира многу и зависи од неколку клучни фактори:

  • Искуство: Што и да правите, колку повеќе искуство имате, толку повеќе ќе бидете платени. Ова е особено изразено во ИТ индустријата каде стажот се стекнува врз основа на искуство. Меѓутоа, во други области, како што се градежништвото или угостителството, вашата титула, а со тоа и вашата плата зависи од искуството.
  • Образование: Основното правило е дека повисокото ниво на образование носи поголема заработка. Некои проценки се дека во Австрија работниците со високо образование заработуваат дури 25% повеќе од оние со завршено средно образование.
  • Град: Не може да очекувате иста плата во Виена и Линц. Главната причина е што трошоците за живот во различни градови не се исти. Највисоки плати во Австрија работниците заработуваат во Виена, каде просечната годишна бруто плата е 51.823 евра, додека во Салцбург е дури 4.000 помалку.
  • Пол: За жал, сè уште постои родова разлика во платите во Австрија. Истражувањата покажуваат дека жените заработуваат дури 18,8% помалку на истите позиции како и мажите.


Трошоци за живот во Австрија

Разгледувањето на трошоците за живот во Австрија е од клучно значење за секој што размислува да работи или живее во оваа земја. Овие трошоци директно влијаат на квалитетот на животот и се важни за да се разбере колку платата е всушност „доволна“ за удобен живот. Трошоците за живот покриваат широк опсег на трошоци, вклучувајќи домување, храна, транспорт, здравствена заштита и други секојдневни потреби.

Осум законски права кои ги има секој работник во Австрија – емигрико.мк (emigriko.mk)

Просечните трошоци за живот во Австрија се околу 1.500 евра по лице или 2.700 евра за пар. За просечен живот на четиричлено семејство потребни се минимум 4.400 евра.

Цени на станови во Австрија

Изнајмувањето стан обично е најголемиот поединечен трошок. Цените на становите варираат во зависност од локацијата, големината и квалитетот на станот. На пример, киријата за гарсоњера во Виена е околу 900 евра, додека во Салцбург истата гарсоњера во просек чини 1.000 евра. Покрај тоа, трошоците за домување треба да вклучуваат:

  • Сметка за вода – околу 34 евра
  • Сметката за струја – околу 75 евра
  • Сметка за парно – Околу 120 евра
  • Сметка за интернет – околу 30 евра
  • Сметка за чистење – околу 15 евра

Цените на храната во Австрија

Иако многу се зборува дека цените на храната во Австрија се исти како на Балканот, тоа не е точно. Всушност, во просек храната е значително поскапа.

  • Млеко (1л) – 1,35 евра
  • Јајца (12 парчиња) – 3,65 евра
  • Домати (1кг) – 3,12 евра
  • Компири (1кг) – 1,5 евра
  • Јаболка (1кг) – 2,18 евра
  • Леб – 2 евра
  • Сирење (1кг) – 11 евра

Цената на транспортот

Транспортот е уште една важна ставка кога зборуваме за трошоците. Ако работите во Австрија, постои голема веројатност да не можете да одите на работа пеш или со велосипед. Цените за транспорт во Австрија се подолу:

  • Автобуска карта – 2,4 евра
  • Месечен билет – 51 евро
  • Литар дизел – 1,75 евра
  • Такси (1км) – 1,6 евра

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија