Здравствен систем во Австрија

Благодарение на одличната медицинска нега, австрискиот здравствен систем е меѓу најдобрите во светот. Поради големите инвестиции во медицинскиот напредок, австриските здравствени установи се опремени со најсовремена технологија. Оптималната грижа за пациентите, унапредувањето на здравјето во согласност со потребите и доследна превенција се меѓу приоритетите на австрискиот здравствен систем.

Во Австрија, здравствениот систем најмногу се финансира од придонеси за социјално осигурување и даноци, а во помала мера од приватни фондови, како што се, на пример, партиципација за рецепти, партиципација за трошоци, партиципација за дневен престој во болница и придонеси за приватно здравствено осигурување.

Јавната здравствена заштита е покриена со здравствено осигурување и осигурување во случај на несреќа. Овие услуги вклучуваат, на пример, амбулантна и болничка нега, медицинска рехабилитација, лекови, субвенции за лекови, превентивни прегледи или компензација за време на боледување во бременоста.

Секој кој работи во несамостојни дејности мора да има задолжително осигурување. А голем дел од вработените во самостојните дејности мора да склучат задолжително осигурување. Децата, сопружниците, регистрираните партнери и обичните партнери во семејства со деца може да се осигураат бесплатно. Во одредени случаеви можно е и независно осигурување.

Осигурениците и членовите на нивните семејства имаат лесен пристап до здравствените услуги на јавниот здравствен систем. Тие можат да ги користат медицинските услуги на лекарите во ординациите кои имаат договори со давателите на здравствено осигурување и јавните болници. Некои услуги, како што се, на пример, партиципација за лекови, приватни лекари и приватни болници, одредени стоматолошки услуги или дневни партиципации за престој во болниците треба да се плаќаат од сопствени извори. Доколку лицето нема здравствено осигурување, сам ги сноси сите трошоци за искористените здравствени услуги.

Во случај на болест која не е предизвикана по вина на работникот, работодавачот исплаќа надоместок во одреден временски период, кој зависи од припадноста на компанијата и видот на вработувањето. После тоа, болниот вработен добива боледување од здравственото осигурување, кое, додуша, е помало од надоместокот за работа.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија