Што можат да диктираат претпоставените во Германија кога станува збор за годишен одмор, а што не?
Понекогаш ви остануваат десет дена годишен одмор во ноември и не знаете што да правите со нив? Но, што ќе се случи ако вашиот шеф одеднаш одлучи дека треба да останете дома две недели од следната недела и да земете годишен одмор – дали воопшто му е дозволено да го стори тоа?
Јасен одговор
„Едноставниот одговор е: не“, вели експертот за трудово право. Во принцип, секој работник има право да одлучува за времето на неговиот годишен одмор.
Toa функционира вака: Работникот однапред ги планира деновите за одмор, а работодавачот потоа ги одобрува.
Доколку работодавачот не одобри годишен одмор, за тоа мора да има валидни причини, смета експертот. Ова може да се замисли, на пример, ако многу други членови на тимот веќе поднеле барања за одмор за овој период.
Дури и ако работникот сè уште има неискористени денови за одмор на крајот на годината, газдата не може едноставно да закаже одмор.
Но: „Доколку работодавачот го извести работникот за преостанатиот годишен одмор и побара од него да го користи годишниот одмор до крајот на годината, тогаш годишниот одмор истекува на крајот на годината доколку работникот не го искористи“.
Секогаш постои исклучок
Сепак, постои сценарио каде што работодавачот може да диктира кога работниците мора да земат одмор.
Имено, кога не работи во одредено време, на пример помеѓу Божиќ и Нова Година. Во такви случаи, вели експертот, работодавачот по исклучок го одредува времето на годишен одмор.
Работниците потоа се обврзани да земат годишен одмор во тој период, пишуваат германските медиуми.