Проверете дали ви го прислушкуваат телефонот

Откако Едвард Сноуден стана најпознат светски кодош, кога го открил скандалот на „Ен-ес-еј“ за прислушкување милиони луѓе околу светот, завладеа непрестана паника помеѓу обичните корисници на мобилната технологија, односно технологијата воопшто.

Голем број вируси се шират меѓу Андроидите и „Ајос“, како и другите платформи. Кога го исклучувате телефонот и забележувате дека позадинското осветлување продолжува да гори, или едноставно, телефонот одбива да се исклучи, тогаш можно е да ве прислушкуваат. Атипичното однесување на телефонот секогаш е предупредување дека може да има проблеми со хардверот или софтверот на телефонот. Чудното однесување на телефонот може да биде знак дека некој управува и го контролира телефонот. Сепак, треба да се има предвид дека таквите појави може да бидат последица од пречки во процесот на пренос на податоци.

Кога разговарате, телефонот кој се прислушкува, може да испушта одредени звуци, како ехо, електрично празнење и слично. Но, можете да ги проверите следните неколку работи, кои би биле сигурен показател дали вашиот телефон е прислушкуван.

1.    Проверете дали е топол, иако не го користите. Доколку е топол, тоа значи дека е подложен на некои активности.

2.    Притиснете *#06# , по што ќе се појави „IMEI“ код, кој наликува на бар код.

3.     Отворете ги опциите во телефонот, побарајте ја опцијата статус или во пребарувањето напишете „IMEI“. Ако последните две цифри се еднакви како и во претходниот код, тоа значи дека не ве прислушкуваат.

Ако броевите се разликуваат, тоа во теорија значи дека сте биле или сте можеби под „обработка“.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија