Просечна плата 4.000 евра, шопинг во „Гучи“: град во Швајцарија со кој управуваат Италијанци

Лугано е град во Швајцарија кој е деветти по големина, а денес е центар на италијанската заедница во таа земја.

1.  Лугано е град и општина во јужниот дел на Швајцарија во кантонот Тичино на границата со Италија. Покрај тоа, тој е најголемиот град со мнозинско население што зборува италијански надвор од Италија. Во градот живеат околу 63 илјади жители или околу 150.000 заедно со приградските населби. Поради близината со Италија, Лугано има силно италијанско влијание врз архитектурата, културата и начинот на живот.

2. Градот лежи на глечерското езеро Лугано, кое се наоѓа на надморска височина од 271 метар во подножјето на Алпите. Езерото има површина од 49 квадратни километри, од кои 31 квадратен километар се во Тичино, а преостанатите во соседна Ломбардија. Најголемата длабочина на езерото е 288 метри. Во текот на летните месеци водата на езерото се загрева до 24 Целзиусови степени.

1

3. Лугано има многу прекари. Неговата панорама потсетува на познатиот бразилски бисер, поради што многумина го нарекуваат европскиот Рио де Жанеиро. Поради топлите лета, привлекува многу познати личности од целиот свет, па го доби прекарот Швајцарски Монте Карло.

4. Како што му доликува на модерно одморалиште, но и на град кој е оддалечен само 80 километри од Милано, Лугано е и мека за сите љубители на скапи модни брендови. Овде можете да најдете сè, од облека од „Гучи“, „Прада“ и „Луј Витон“ до модни додатоци од компании како „Ролекс“ и „Патек“.

2

5. Градот е опкружен со планините Бре и Сан Салваторе. До Сан Салваторе може да се стигне и со жичница од која можете да уживате во магичниот поглед на Лугано и неговата околина, изградена во далечната 1886 година.

6. Поради своите живописни пејзажи и шармантниот стар град, Лугано се етаблира како популарен туристички град. Од друга страна, ова е трет банкарски центар на Швајцарија, па може да се каже дека Лугано ги комбинира швајцарската ефикасност и италијанската (медитеранска) релаксација.

3


7. Лугано е и многу скапо место за живеење, од перспектива на некој со понизок стандард, бидејќи иако цените се нешто повисоки од кај нас, просечната плата е околу 4.000 евра. Литар млеко во продавница чини нешто повеќе од 2 евра, а половина килограм леб околу 3 евра. За мало пиво од 0,33 литри во кафулињата треба да платите околу 5 евра, а најевтиниот оброк во ресторан ќе ве чини околу 23 евра.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија