Работа во Норвешка? Прво научете норвешки

Да најдете работа во Норвешка без притоа да го научите норвешкиот јазик, е навистина многу тешко. Како една од најубавите европски земји за живеење, Норвешка е мета на многу доселеници. Затоа Норвежаните го користат јазикот како одбранбен механизам. Впрочем, најголемиот дел од сајтовите каде можете да аплицирате за работа, се напишани исклучиво на норвешки.

 

Ако зборувате англиски и успеете да најдете работа, најчесто во самиот договор за работа ќе имате обврска да го учите јазикот во текот на наредните 3 години. Норвежаните се прилично образован народ, поголемиот дел од нив течно зборуваат англиски, па токму поради тоа ќе ви биде потешко да го научите норвешкиот. Знаејќи дека не го зборувате нивниот јазик, Вашите колеги, соседи, пријатели и познаници ќе ви се обраќаат исклучиво на англиски.
Постои голема веројатност Вашиот работодавач да ви понуди курс по норвешки јазик, за кои самиот ќе ги плати трошоците. Но, сметајте дека јазикот треба да го користите и надвор од курсот, минимум 10 часа неделно.

Познавањето на норвешки јазик ќе ви отвори многу врати во оваа земја. Освен тоа, штом ќе го усовршите јазикот, ќе бидете во можност да ги разберете и Швеѓаните и Данците.

 
Еве неколку интересни факти околу тоа:

  • Норвежаните разбираат 88% од говорниот шведски јазик, а 73% од говорниот дански јазик.

  • Швеѓаните разбираат 48% на говорниот норвешки јазик, а 23% од говорниот дански јазик.

  • Данците разбираат 69% на говорниот норвешки јазик, а 43% од говорниот шведски јазик.

  • Норвежаните разбираат 89% од пишуваниот шведски јазик, а дури 93% од пишуваниот дански јазик.

  • Швеѓаните разбираат 86% од пишуваниот норвешки јазик, а 69% од пишуваниот дански јазик.

  • Данците разбираат 89% од пишуваниот норвешки јазик, а 69% од пишуваниот шведски јазик.

 
Во Норвешка постојат две официјални форми на пишување – Bokmål и Nynorsk. Во најголем дел, Норвежаните ги учат двете форми. Според анкетата спроведена во 2005, 86,3% од Норвежаните првенствено ја користат Bokmål формата, 5,5% ги користат двете форми, а 7,5% првенствено ја користат Nynorsk формата.

Кога станува збор за говорењето, главниот проблем кај норвешкиот јазик се дијалектите. На различни места, Норвежаните користат различни дијалекти, а некои од нив навистина се разликуваат меѓу себе. Сепак, сметајте дека јазикот ќе го усовршите многу повеќе откако ќе почнете да живеете и работите во оваа земја. Секојдневната употреба на јазикот е полесен начин за учење од било каков курс.

Што се однесува до почетните знаења, на интернет можете да најдете многу бесплатни курсеви по норвешки јазик. Исто така, норвешките филмови ќе ви бидат од голема помош. Еве наша предлог листа:

Switch

A Somewhat Gentle Man

In Order of Disappearance

King of Devil’s Island

Oslo, August 31st

Troubled Water

Reprise

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија