Доколку сакате да работите на брод, но не сакате да најдете работа преку посредничка агенција, тоа можете да го сторите преку аплицирање на официјалниот сајт на некоја компанија од тој тип.
Наш предлог е Disney Cruise Line компанијата, чиј сајт можете да го најдете овде.
Пред да аплицирате, најпрво, треба да се осигурате дека ги исполнувате условите.
Секој кандидат треба:
- Да има најмалку 21 годинa
- Да има одлично познавање на англискиот јазик (зборување, читање и пишување)
- Да има важечка патна исправа и виза
- Да го исполни договорот во целост и да биде на работното место како што е утврдено според истиот
- Да може да работи 70-84 часа неделно
- Да се приспособи на животот на брод и да може да ги исполнува работни задачи според распоредот и локацијата
- Да биде подготвен да ја дели кабината
- Да биде секогаш спремен да им услужи на гостите
- Да може да работи напорно и да биде способен за тимска работа
- Вистински да е заинтересиран за работа во Дизни Круз линијата
Работното искуство поврзано со оваа работа ќе се смета за предност.
Договорите за работа можат да бидат склучени за три, четири, четири ипол, шест или осум месеци, зависно од работната позиција. После склучување на договорот, членовите на екипажот имаат време во просек од 6 до 8 недели да се спремат.
Членовите на екипажот имаат ограничено слободно време – според договорот нема слободни денови, а повеќето работници имаат минимум 70 работни часа неделно. Оние кои работат во кујна, бар и приемна сала, неделно работат минумум 84 часа. Сѐ што е повеќе од предвиденото работно време, не се смета за прекувремена работа и не се доплаќа. Ниту еден член на екипажот не смее да работи повеќе од 91 час неделно.
Според договорот, членовите на екипажот добиваат бесплатна соба, пристап до просториите наменети за рекреативни активности, како и медицински услуги.
Disney Cruise Line компанијата ни беше предложена од неколку Македонци кои нашле работа на своја рака и веќе работеле за истата.