Работи кои е неопходно да ги знаете за школството во Германија

Во Германија, учебната година започнува во различни периоди во зависност од покраината и секоја година се менува датумот на започнување на училиштето. Временскиот распон е од почетокот на август до средината на септември. Учебната година за првачињата во Германија започнува една недела подоцна отколку за другите ученици.

Претходно пишував за почетокот на школството во Германија, а денес ќе ви објаснам 7 работи кои е неопходно да ги знаете за школството во Германија.

1. Основното и средното образование во Германија се обавезни што значи доколку доаѓате прв пат во Германија и вашите деца се во школска возраст пријавете ги веднаш во надлежното училиште. Значи не по еден месец, не по два дена туку веднаш!

2. Основното образование во Германија трае 4 години освен во Берлин и Брандебург каде што трае 6 години. Средното образование може да трае 8 или 9 години.

3. Образованието и образовната политика се одговорност на секоја Сојузна Република поединечно и поради тоа се случува образовните програми и структури да се разликуваат значајно од од една до друга покраина.

4. Оцените во училиштата се од 1 до 6 но обратно од она на што сме навикнати. Овде единицата е најдобра оцена.

5. Децата немаат приемни испити помеѓу основно и средно школо туку им се смета просекот од поединечни предмети и исто така во поединечни покраини многу е важна препораката на учителот/ката од основното да препорача за кое средно училиште е спремно детето.

6. Постојат различни видови на средни училишта, како на пример: Hauptschule, Realschule, Gymnasium, Gesamtschule. Секое од овие средни училишта има различна академска ориентација и време на школување. Многу е важно да знаете дека во било кое одделение, во зависност од своите можности и желби детето можете да го преместувате од едно во друго училиште.

7. Секаде основното училиште ви е одредено од местото на живеење и доколку сакате да го променете школото можете да пополнете Gastantrag и да го испратите во училиштето во кое сакате да учи вашето дете. Меѓутоа, тоа не гарантира дека и ќе го добиете тоа место.

Доколку ве интересираат повеќе детали на оваа тема, пишете ни на емаил: [email protected]

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија