Kaltmiete ( ладна кирија )
Ладна кирија е само сумата која ја плаќате за станот што го изнајмувате. Тоа не вклучува никакви додатни услуги и ја покрива само цената на станот ( или собата, куќата или било што да изнајмувате ).
Warmmiete ( топла кирија )
Топлата кирија нуди додатни погодности, но е малку покомплицирана од ладната. Во топлата кирија е вклучена ладната кирија плус други трошоци како на пример греење и други основно работи. Различни изнајмувачи покриваат различни трошоци во топлата кирија. Иако некои трошоци ( како што е греењето ) секогаш се покриени со топлата кирија, за некои се очекува самите да си ги организирате во плаќањето на топлата кирија.
Кои трошоци се покриени со топлата кирија?
Општо земено, вашата топла кирија обично го покрива следново: снабдување со гас, данок на имот, собирање ѓубре, рециклирање, снабдување со вода и листење на влезови и улици.
Некои други трошоци ( телефон, кабловска, интернет ) обично не се покриени иако постои можност да бидат внесени во топлата кирија.
Понекогаш се покриваат трошоците за електрична енергија, а понекогаш не.
Што се режиски трошоци?
Режиските трошоци може да опфатат многу повеќе работи отколку што повеќето луѓе знаат. Топлата кирија може да вклучува некои или сите од следниве услуги:
- Водоснабдување ( вклучувајќи топла и ладна вода ) и одржување на системот за одводнување
- Собирање, отстранување и рециклирање на ѓубре, чистење на улици, одржување на градина и зеленило
- Данок на недвижности и сите полиси за осигурување
- Струја и парно
- Чистење на влез, водење куќен совет и одржување на лифт
- Телевизски такси ( на пример за кабловска претплата ).
Како функционира ладната кирија?
Кај ладната кирија, треба сами да ги организирате сите сметки за комунални услуги независно од сопственикот на станот. Вие организирате сите режиски трошоци автоматски да се повлекуваат од вашата банкарска сметка.
Некои ја сметаат оваа опција за поедноставно решение бидејќи сопственикот ја одредува само основната кирија, а закупецот не мора да се грижи кои дополнителни трошоци се покриени, а кои не.
Како функционира топлата кирија?
Кога ја плаќате топлата кирија, во основа плаќате однапред за идните сметки за комунални услуги. Овие плаќања нема точно да одговараат на износот на вашите идни сметки за електрична енергија ( затоа што не е возможно сопственицте да знаат однапред колкави ќе бидат овие трошоци ).
За разлика од тоа, вашата топла кирија е обично прилично точна проценка што се пресметува однапред, пред да се направат тие трошоци.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.