На 18 мај 2024 година, во Македонската православна црква Св. Никола, во Мајнц, Германија беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со Митрополитот Берлински и Германски г. Марко од Руската православна задгранична црква. На Литургијата служеа и сите македонски свештеници од 14 земји на Европската епархија на Македонската православна црква.
На Литургијата Неговото Високопреосвештенство г. Пимен го ракоположи во ѓаконски чин чтецот Марко Мантов од црковната општина Мајнц.
По богослужбата беше приредена трпеза на која беше прекршен славскиот колач.