



На денот на големиот македонски празник, 11ти Октомври, Министерот Тимчо Муцунски го посети Генералниот конзулат во Минхен, по повод отворање на новите простории и со цел празникот да го прослави заедно со македонската дијаспора.
Во текот на посетата на Минхен, Министерот оствари значајна средба со баварскиот Министер за надворешни работи и меѓународни односи, Ерик Бајсвенгер, како и состанок со македонско – баварскиот бизнис клуб.
Од страна на Генералниот конзулат беше организиран и прием во новите простории, на кој освен Министерот, присуствуваа претставници на дипломатскиот кор во Минхен, претставници на верските заедници, невладини организации и наши државјани кои живеат и работат во Баварија и Баден – Вуртенберг.
На приемот, Ген. конзул Јулиана Николова го покани Министерот да се обрати пред присутните.
Министерот во својот говор ги поздрави присутните и меѓудругото, упати честитки за новите простории.
Вечерта помина во пријатна атмосфера, разговори, запознавања, вмрежување, дружење и беше одличен начин заеднички да се прослави 11ти Октомври и да се обележи преселбата на конзулатот во новите простории.
Новата адреса на Генералниот конзулат во Минхен е:
Fürstenrieder Strasse 61,
80686, München
Leave a Reply