Сезонска работа – берење малини

Интересот за берењето малини е особено голем во последните неколку години, пренесува српски Телеграф. Постои голема понуда и побарувачка, а на плантажите во Србија секојдневно се работи.
Работата не е лесна. Температурите во oвој период од годината се високи, а потребна е физичка спремност за да го издржите напорот.

Цената за еден килограм малини е 25 динари, а просечна дневница стигнува до 1500 динари. Храната и сместувањето се обезбедени. За многумина ова е мала дневница во споредба со работата, но оние кои работат на плантажите се задоволни. Како што велат и самите, 1500 динари се добра заработка во моменталните услови на криза.

Миодраг има своја плантажа со малини веќе 15 години. Постојано ја проширувал, а сега има 10 вработени кои работат за дневница. „Моите работници се платени повеќе од другите. Тие се задоволни и работат како што треба. Имам трошоци за да ги платам, но добро заработувам на крајот од бербата.“

Во прилог објавуваме и еден активен оглас, за сезонска работа во Ариље, Србија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија