Сон во кој повеќе не се верува: Како Германија стана пекол за гастарбајтери

Покрај недостигот на понуда, голема улога играат и зголемените цени и особено високите камати – за многу станбени заедници, инвестирањето во изградба на станови или повеќе не е во буџетскиот план, или кириите би морале да се зголемат до тој степен што нормалното домаќинство повеќе не може да си го дозволи.

Не се гледа крај на недостигот од станови во Германија, гастарбајтерски рај за луѓето од поранешните југословенски држави. Состојбата се влошува особено во урбаните средини. Во Берлин, на пример, секоја година се градат околу 13.000 нови станови, додека во исто време се вселуваат околу 65.000 луѓе.

Но, за повеќето луѓе изнајмувањето или дури и купувањето стан е само сон за кој веќе не веруваат дека ќе се оствари по бројните неуспешни пребарувања за стан.

Прашањата како што се сиромаштијата кај постарите лица, проблемите на младите семејства или пречките за имиграција на квалификувани работници се конкретни последици од овој проблем.

Ситуацијата во руралните области е поинаква отколку во Берлин или другите големи градови. Овде, сопствениците известуваат дека не можат да најдат станари за најдобрите станови – на пример во баварската област – иако, за разлика од Берлин, инфраструктурата е одлична.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија