Странските работници кои работат во Швајцарија, најчесто се преквалификувани за работата што ја вршат, покажуваат новите статистички податоци.
Швајцарскиот завод за статистика објави дека еден од седум вработени во Швајцарија, има работно место кое е под неговото образование.
Ова е случај со 11,5% од општата популација, но дури 18% од странските работници имаат повисоко образование, а работат за пониска плата.
На мигрантите исто така ретко се случува да им бидат понудени раководни позиции, се заклучува во извештајот.
Нешто помалку од 33% од мигрантите работеле како менаџери минатата година, во споредба со нивото од 35,5% кај швајцарските работници.
Кај втората генерација доселеници и нивните деца, помала е веројатноста да бидат преквалификувани за работното место, за разлика од оние кои се родени во странство, а дошле да работат во Швајцарија.
За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија