Студентска виза: Mожност да се напушти државата

Образованието игра важна улога во сечиј живот. Добро образована личност не само што е предност за семејството, туку таа и индиректно придонесува за економијата на неговата земја. Напредокот на земјата лежи токму во младите образовани личности.

Младите се добро опремени со ентузијазам, енергија, иновативни идеи и не секогаш се задоволни од она што го научиле, па бараат повеќе, истражуваат повеќе и сакаат да го допрат небото. Странското образование делува како магнет за студентите.

Доколку сте и вие еден од овие студенти и сакате да ги продолжите вашите студии во странство, тогаш треба да аплицирате за студентска виза. Се’ што треба да направите е да ги следите чекорите и постапките усвоени од Владата на земјата во која сакате да студирате и за која сакате да земите виза.

Голем број на студенти емигрираат во странските земји за понатамошно студирање. Земји како Велика Британија, САД, Канада и Австралија привлекуваат студенти од целиот свет. После студирањето во овие земји студентите можат да заработат добро и да го зголемат својот стандард на живеење. Овие земји не само што овозможуваат подобра работа, туку и студентите уживаат во многу здравствени придобивки.

Што е студентска виза?

Денес различни земји нудат многу видови на визи кои ви дозволуваат да одите во странство, а еден таков вид на виза е студентската виза. Оваа виза е посебно за студенти кои сакаат да студираат во странство и има определен рок на траење.

Бидете подготвени за процесот за студентска виза

Треба да ви бидат јасни барањата за студентска виза и да истражувате кога сакате да аплицирате за неа. Морате да поминете низ процес на интервју каде што ќе ви бидат поставувани голем број прашања како на пример причината зошто сакате да студирате во таа земја, вашите планови, вашите цели во кариерата.

Доколку имате стипендија од земјата во која сакате да студирате, тогаш процесот станува поедноставен. Потребно е само да го спомените името на институтот и насоката за која аплицирате. Исто така, треба да имате основни знаења за самата земја.

Видови на студентска виза

F-1 студентска виза – Оваа е најчестата виза за студенти кои сакаат да студираат во страство. Можете да аплицирате за виза и да се пријавите во било кој англиски институт во странство, но морате да бидете прифатливи за сите.

J-1 виза за размена – Оваа виза е за луѓе кои сакаат да учествуваат во програма за размена вклучувајќи ги и учениците од средно и студените од факултет.

M-1 студентска виза – Луѓето кои се ангажирани во не-академски или стручни студии можат да аплицираат за оваа виза и за обука во странство.

Избор на соодветен канал

Соодветен канал за аплицирање на виза треба да се следи за сите формалности за визата. Некои веб страни на интернет даваат целосни информации за визата. Во некои земји може да се аплицира онлајн, додека во други потребно е личното присуство на апликантот.

Студентска виза во Велика Британија

Најлесниот начин за да се студира во Велика Британија е преку нивниот „Tier 4“, што всушност е систем базиран на поени. Поените се дадени во документ и студентот кој постигнува значајни поени се квалификува за студирање таму. Апликантите можат да аплицираат преку апликациска форма VAF9 или можат да аплицираат онлајн. Апликациската форма и VAF9 може да се спуштат од интернет и да се проследат инструкциите. Со таа форма, студентот мора да достави и оптечатоци од прстот заедно со најнова фотографија во конзулатите за виза. Сите релевантни податоци ќе бидат обезбедени таму, како и потребните документи, визните трошоци и условите за виза. За повеќе информации – тука.

Студентска виза за Америка

Најпрво потребно е да се одобри факултетот од кој доаѓате. После одобрувањето, институциите на студентот ќе му дадат документ за одобрување кој мора да се поднесе заедно со апликацијата додека се аплицира за виз. Визата се класифицира како F-1 и М-1. F-1 е најчеста виза за академци и за оние кои сакаат да студираат англиски јазик додека М-1 е за не-академски или стручни студии. После поднесувањето на соодветните документи апликантот ќе биде повикан на интервју. За повеќе информации – тука.

Студентска виза за Франција

Студентите од земјите надвор од Европската Унија мораат да добијат студентска виза. Постојат четири видови на виза:

  • Студентска виза за краток престој;
  • Виза за приемни испити;
  • Студентска виза за долг престој;
  • Студентска виза за останување;

Може да се аплицира онлајн, а веб страната нуди голема помош.

Студентска виза за Австралија

Австралија е топ дестинација за милиони луѓе без разлика дали станува збор за работа или студиии. Неопходен услов кој студентите мораат да го задоволат е GTE што значи Genuine Temporary Entrant и тие мораат да бидат вистински студенти. GTE има некои барања кои мораат да бидат исполнети, а се во врска со потенцијалните околности на студентот и историја на емигрирањето, проследени со интервју. Од студентите исто така, се бара да поднесат писмо за понуда со нивната апликација за виза. За повеќе информации – тука.

Студентска виза за Германија

Визата за Германија зависи од земјата од која доаѓа апликантот и од времетраењето на неговиот престој. Потребни се различни документи за аплицирање на виза. Неколку земји како Швајцарија, Норвешка единствено треба да покажат лична карта за влегување во Германија, додека пак некои земји треба да имаат виза. Апликантот мора да провери што се бара од него и кои се правилата пред да поднесе виза. Повеќето визи се издаваат за само 3 месеци. Една од неопходностите е здравствено осигурување. За повеќе информации – тука.

Стундетска виза за Канада

На студентите им е потребна студентска дозвола доколку сакаат да одат на академска, професионална или стручна обука на универзитет, колеџ или друга високообразовна институција во Канада. Сите инструкции и услови се наведени на страната, како и информации во врска со даноците. Страната дава комплетни информации и за неопходните документи кои мораат да бидат поднесени заедно со визата. За повеќе информации – тука.

Студентска виза за Сингапур

Влегувањето во земјата е само доколку студентите се прифатени од образовниот инситут и само ако им е дозволено да учат. Визата воглавно трае само 30 дена. Најблиската амбасада на Сингапур ќе ви каже за сите работи проследени со визата. За повеќе информации – тука.

Формалностите и постапките се различни во секоја земја, но процедурите за аплицирање се слични. Не можете да поднесете виза за Франција ако не сте 18 години. За сите земји треба да имате јасни документации, а потоа процедурите се брзи

Извор: fakulteti.mk

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија