Студирање во Норвешка

Норвешка е држава која е позната по квалитетното образование. Универзитетот во Осло е рангиран меѓу најдобрите 100 универзитети во светот за 2013/2014 година од страна на QS World University rankings. Впрочем, овој универзитет е и првиот универзитет во Норвешка, основан во 1811 година.

Oslo-University-500x256

Високо образование во Норвешка можете да стекнете на државните, но и на приватните универзитети. Додипломските студии се во времетраење од 3 години, постдипломските студии можете да ги завршите за 2 години, додека пак за да се стекнете со диплома од докторски студии, потребни ќе Ви бидат минимум 3 години.

Норвешките универзитети овозможуваат настава на англиски јазик, поради што има голем интерес кај студентите од странство. Друга позитивна работа е тоа што Норвешка е потписничка на Болоњската декларација, што го олеснува признавањето на студиите стекнати во странство.

Иако постојат реални можности за добивање целосна стипендија за студирање во Новершка, многу студенти од Балканот ја заобиколуваат оваа опција, најчесто поради една причина – скапите трошоци за живот. Како што велат и самите, дури и во случај школувањето да им е бесплатно, потребни ќе им бидат најмалку 1500 евра само за основните животни трошоци. Норвешка е една од најскапите европски држави, па доколку ги пресметате трошоците за храна, сместување, превоз, како и здравствено осигурување, тогаш ќе Ви бидат потребни повеќе од 1500 евра месечно. Сепак, Норвешка нуди одредени попусти за странските студенти, на пример попусти во јавниот превоз, кино, театар, музеј и други културни институции. Исто така, кафетериите во склоп на универзитетите нудат одреден попуст.

Доколку сакате да прочитате повеќе информации за стипендиите на норвешките универзитети, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија