Топ 10 градови со најмногу македонци во Германија

Само во 2022 година над 53.000 наши граѓани се преселиле во Германија. Во 2021 година пак, над 32.000 Македонци се преселиле во Германија, каде според последниот попис од 2022 година живееле 222.000 нашинци, објави Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.

Цели семејства од Македонија се почесто се решаваат да заминат во Германија и таму да го продолжат животот. Од сите градови на земјава се случува масовно иселување во потрага по подобар стандард и достоинствен живот.

Повеќето од нив планирааат да останат во Германија се до пензија, а потоа да се вратат назад, за да можат да имаат достоинствен живот на стари години, со повисока, германска пензија. Сепак, велат дека тоа најмногу зависи од нивните деца, бидејќи ако децата им останат во Германија, не би сакале на старост да бидат разделени од нив.

Берлин, Штутгарт, Бавариа, Хановер… се области во кои живеат најголем број на Македонци во Германија. Бројката од над 85.000 нашинци кои само во 2021 и 2022 година го напуштиле родното огниште и се преселиле, самата по себе е застрашувачка.

Се уште не се објавени податоци колку Македонци заминале во Германија од почетокот на оваа и минатата година, но се претпоставува дека бројките уште повеќе ќе растат.

Листата изгледа вака:

  • Десетти на листата е градот Essen кој се наоѓа во Северна Рајна Вестфалија со 4500 македонци.
  • Деветто место е градот Дизелдорф, исто така во Северна Рајна Вестфалија со 6900 македонци.
  • Осмото место го зазема Франкфурт на Мајна во Хесен со 8500 македонци.
  • На 7мо место се наоѓа Келн, во Северна Рајна Вестфалија со 9400 македонци.
  • Минхен во Баварија е на шестото место со 10 800 македонци.
  • Петти на листата е Штутгарт од Баден Вутемберг со 12 700 македонци.
  • Хановер, Долна Саксонија е на 4тото место со 14 200 македонци.
  • Бремен е на третото место со 15 500 македонци.
  • Предпоследно место е Берлин со 17 600 македонци
  • И на првото место според бројот на македонци кои живеат е Хамбург со 21 100 македонци.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија