Училишен систем во Германија

Задолжително школување и трошоци

Во Германија школувањето е задолжително: децата мора 9 години да одат на училиште. ВО некои сојузни покраинизадолжителното школување важи и за децата со нејасен статус на престој. Една учебна година почнува во август или септември и трае до јуни или јули, зависно од сојузната покраина. Обично учениците учат на државни училишта. За тоа не се плаќа школарина. Помали трошоци има за копии, материјали или екскурзии. ВО приватните училишта мора да се плати школарина. 

Видови на училишта

Има различни видови на училишта. Училишниот систем е различен во сојузните покраини. ВО основното училиште одат сите деца од 6 или 7 години. По 4. одделение (во некои сојузни покраини и по 6. одделение) децата одат во средно училиште. Има многу различни средни училишта. Основното училиште во 4. одделение дава совети на кое училиште детето понатаму треба да оди. Има средно нижо училиште („средно главно училиште“ Hauptschule или Mittelschule, 5.-9./10. клас), тука се добива завршен степен од средното главно училиште (Hauptschulabschluss или квалифицирачки Hauptschulabschluss). Во средното главно училиште има и практични предмети како ОТП или техничко цртање. Повисоко училиште е „средното реално училиште“ (Realschule, 5.-10. клас), тука се добива завршен степен Realschulabschluss. По завршено средно главно училиште или средно реално училиште може да учите некоја професија. А потоа има уште и гимназија (до 12. клас). Тука се полага матура и потоа може да се студира на универзитет. Во гимназијата често се учат 2 до 3 странски јазика, како англиски и француски. 

Во некои сојузни покраини има сеопфатни училишта(Gesamtschule). Тука сите три вида: средното главно училиште, средното реално училиште и гимназијата се заедно во една установа . Ако едно дете сака да го смени училиштето, на пример од средното главно училиште во средното реално училиште, тука тоа е полесно. Кога училиштата се одделени исто така може да се смени училиштете, но тоа не е толку едноставно. Во секоја сојузна покраина има и двојазични училишта, училишта за посебни потреби, насочени и стручни виши училишта.

Дали мора да го пријавам моето дете на училиште?

Децата во Германија мора да одат на училиште. И децата со нерешен статус на престојот во некои сојузни покраини се обврзани да посетуваат училиште. Обично мора да го пријавите детето на училиште повеќе месеци пред почетокот на учебната година. Добро е ако Вашето дете стекне германски завршен образовен степен. Во Германија децата мора да одат на училиште до 9. учебна година, а во некои сојузни покраини до 10. учебна година.

Моето дете сака да студира. Во кое училиште мора да оди?

Најдобро е во гимназија. Тука може да полага матура директно. Положената матура е предуслов за да смее да студира. Но, Вашето дете може и по друг завршен образовен степен да дополага матура или да се префрли на гимназија. 

Новодојдени сме во Германија и нашето дете не зборува германски јазик. Дали може да оди во германско училиште?

Да. Малите деца брзо учат јазици. За поголемите деца има преодни класови или посебни програми во училиштата за да научат германски.

Време на часови

Во најголемот број на училишта наставата завршува на пладне или рано попладне (14 или 15 часот). Потоа детете може да оди во дневен престој. Таму мое да стане попладне. Добива нешто за јадење и помош со домашните задачи. За дневниот престој мора да се плати. Сè повеќе има и целодневни училишта. Во овие училишта децата се цел ден, најчесто до 16 или 17 часот. 

Наставни предмети

Децата имаат многу наставни предмети на училиште. Тука спаѓа и спортската настава. Во основното училиште машките и женските не се поделени, туку имаат заедно спорт. Во другите училишта женските и машките понекогаш имаат заедно спорт, понекогаш се поделени. Често има и пливање. Во најголемиот број на училишта има настава по христијанска веронаука. Но, може да се одјавите од наставата по веронаука и не мора да одите. Како алтернатива има етика и во некои училишта настава за другите религии (на пример, исламот или еврејската религија). 

Воннаставни активности

Обично еднаш годишно учениците одат на класна екскурзија. Таа трае обично 3/5 дена. Класот патува заедно во некој друг град или некое друго место. Има и денови за прошетки. Тогаш децата одат заедно на излет. Таму учат нешто за историјата, културата и природата. Училиштата организираат и училишни прослави. На нив има, на пример, театарски претстави или концерти од учениците.

Родители

Секое училиште има родителски одбор, тоа се родителите кои соработуваат со училиштето. Повеќе пати во годината има родителски средби. На нив родителите добиваат важни информации од наставниците и може да се запознаат меѓусебно. Исто така може да закажат средба со еден наставник и да разговараат само со него. Тоа се вика родителски разговор. Тоа се прави кога има проблеми во училиштето. Или можеби кога сакате да знаете како му оди на детето на училиште.

Дали можам да го изберам училиштето?

Не секогаш. Основните училишта иг има и во помалите места. Вашето дете мора да оди таму на училиште. Така ќе најде пријатели во истото место. Средните училишта не ги има насекаде. Затоа е важно да се најде соодветното училиште во близина.

Дали моето дете може да се вози до училиштето со училишен автобус?

Училишен автобус обично има само кога училиштето се наоѓа во друго место. Во градот децата мора да се возат со јавен превоз до училиштето, на пример, со автобус или со метро. Често училиштето исто се наоѓа во близина и Вашето дете може да оди пешки. 

Ви претставуваме преглед на германскиот образовен систем. За подобро разбирање, точната графичка претстава на системот е додадена подолу.

Предучилишно образование

Постојат различни форми на згрижување деца во Германија:

  • Градинки (Kinderkrippe) – погоден за деца на возраст под 3 години.
  • Предучилишни установи (Kindergärten) – наменети за деца на возраст од 3 – 6/7 години – Градинки не се задолжителни.

Примарна едукација

Основна школа (Grundschule):

  • Основна школа е наменета за деца на возраст од 6 до 10 или 12 години, во зависност од регија (Берлин и Бранденбург). 
  • Училиштето е задолжително. На крајот на основното училиште, наставниците и родителите одлучуваат, во зависност од успешноста на детето, во кое средно училиште ќе оди.

Оценување: учениците се оценуваат според систем на оценување од 6 бода, еден како најдобар и шест како најлоша оценка..

Средно образование

Средно школо

Средношколскиот систем е наменет за ученици од 5 до 13 одделение. По завршувањето на основното училиште, (возраст од 10 години во повеќето регии, 12 години во Берлин и Бранденбург), учениците имаат четири опции за средно училиште, кои можат да бидат или општи или стручни:

Hauptschule

Hauptschule (5-9 одделение) има предмети како Realschule и гимназија, со стручни предмети. Учениците можат да се запишат во стручно училиште во комбинација со пракса на работното место.

Realschule

Realschule (5-10 одделение) им овозможува на учениците да го продолжат своето образование во стручни школи и во високи стручни школи.

Гимназија

Гимназијата се заклучува со сертификатот Abitur. Со Abitur, учениците можат да ги продолжат своите студии на универзитетите или да стекнат двојно академско и стручно образование. Двоен систем комбинира традиционална настава во училница и пракса на работното место. Програмите се различни во секое училиште; сепак, тие обично вклучуваат германски јазик, математика, компјутерски науки, физика, хемија, биологија, географија, музика, историја, филозофија, граѓанско образование, социјални студии и неколку странски јазици.

Gesamtschule

Gesamtschule запишува ученици од сите нивоа на способности во 5 до 10 одделение. Учениците што ќе го завршат Gesamtschule до 9-то одделение добиваат сертификат од Hauptschule; оние што завршуваат до 10 одделение добиваат сертификат за Realschule.

Berufsschule

Berufsschule комбинира академски студии и стажирање што доведува до сертификат во одредена работа. Го водат федералната влада, индустријата и синдикатите.

Високо образование

Високото образование во Германија e во рамките нa европско Болоњскиот систем , трансфер на ECTS кредити, овозможувајќи им на студентите да се движат помеѓу земји и признавање на нивните академски квалификации. Додипломските студии обично траат три години (шест семестри, 180 кредити ECTS) а додипломски две години (четири семестри, 120 ECTS).

Во Германија има над 390 официјално признати универзитети кои нудат повеќе од 17.730 образовни програми.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија