Факти за животот во Швајцарија

Знаеме многу работи за Швајцарија: оваа земја не е член на ниту една воена алијанса, ја сакаат милиони луѓе, чоколадото „тоблероне“ се произведува таму, а нејзината економија е една од најстабилните во светот.

Сепак, секоја земја има силни и слаби точки, дури и развиените земји како Швајцарија. На пример, варено месо од мачка и од куче е традиционално јадење за Божиќ токму во оваа земја. Во продолжение прочитајте уште некои работи што ќе ве изненадат.

1. Потребна е лиценца ако сакате да одите на риболов. Треба да посетите 9 часа за експерти да ве научат како да ја извадете рибата од куката за таа да не страда.

2. Во Швајцарија постои закон што ги штити докторите од тврдења за медицинска несоодветност во работата.

Ако докторот не успее да направи правилна дијагноза, нема да биде обвинет за професионална несоодветност.

3. За да добиете швајцарски пасош, мора да имате добар однос со соседите.

Можете да добиете швајцарски пасош по 10 години живеење и работа во оваа земја. Исто така, мора да сте живееле во истиот град во последните 3 години и да положите испит. Прашањата на испитот се различни, од географија до личната врска со соседите. Локалните власти разговараат со секој ваш сосед за да откријат повеќе за вашиот карактер. Ако немате добри односи со нив, голема е веројатноста да го полагате овој тест наредната година. Кога личноста добива швајцарски пасош, градот каде што живее новиот граѓанин е наведен како место на раѓање.

4. Мажите до 55-тата година мора да одат на воена служба.

Секоја година сите мажи под 55 години одат на 3-неделна воена обука. Во текот на обуката новите регрути пијат и се забавуваат и ова повеќе се третира како одмор. Патем, оваа обука им ја плаќаат нивните работодавци.

5. Божиќната елка на железничката станица во Цирих е декорирана со кристали на „Сваровски“.

Елката се декорира со 6.000 кристали веќе 20 години. Овие божиќни декорации чинат околу 500.000 долари.

6. Кафемати за млеко. Да, во Швајцарија можете да купите млеко наместо сок.

7. Распоредот на возовите е совршен.

Распоредот на возовите е составен на таков начин што можете да стигнете од кој било дел од земјата до вашата точка на одредиште на најбрз можен начин. Возовите тргнуваат на секои 15 минути, така што можете да се качите на воз 4 пати во еден час.

Автомобилите тука не се многу популарни. Сосема нормално е еден извршен директор на голема компанија да патува во економска класа.

8. Швајцарија е втората земја во Европа каде што евтаназијата е легална.

Колку и да звучи тажно, во Швајцарија „самоубиствениот туризам“ е доста популарен. Оваа земја има најлиберални услови за доброволна евтаназија. Токму затоа смртно болните луѓе од цел свет доаѓаат во оваа земја за легално да си го завршат животот. Евтаназијата мора да биде одобрена од докторите и чини повеќе од 4.000 долари.

9. „Нива“ е најпопуларниот автомобил меѓу планинските земјоделци

Овој автомобил се надградува за да ги задоволи потребите на сопственикот.

10. Породилното отсуство е 3 месеци. И татковците имаат право на породилно отсуство, но трае само 20 дена.

11. Најпопуларен и престижен подарок за саканата личност, без оглед на годините, е гробно место.

12. Во селата има продавници со производи во кои нема продавачи и има картонска кутија наместо каса.

13. Во Швајцарија претседателскиот мандат е една година. Во текот на изминатите 10 години Швајцарија имаше 10 претседатели: 5 мажи и 5 жени.


14. Во Апензел луѓето легално можат да си ги јадат миленичињата, вклучувајќи мачки, кучиња и глувчиња.

Во најцивилизираниот дел од Европа миленичињата може да завршат на чиниите на нивните сопственици. Ова не е туристичка атракција, туку долга традиција. Рецептите се пренесуваат низ генерациите. Законите во оваа земја се либерални, но прецизни. Сакате да поседувате милениче? Можете да правите што сакате со него, дури и да го изедете. Но, не смеете да го продадете неговото месо за соседите да го јадат.

15. Родителите мора да им стават ремче на своите деца во текот на прошетките.

Прошетајте ги децата на ремче. Но, овој закон важи само на планина каде што родителите одат да пешачат со децата.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија