Швајцарците гласаа против полесното протерување на странците

На 28 февруари Швајцарците на референдум гласаа за или против предлогот на Народната партија, со кој од оваа држава ќе се протеруваат странците кои извршиле кривично дело. Резултатите јасно ја отфрлија оваа контроверзна иницијатива – 58,9% од гласачите гласале „против“, а 41,1% гласале „за“. Од вкупно 26 кантони, само во шест од нив, и тоа Нидвалден, Обвалден, Швајц, Ури, Апенцел Роден и Тичино, преовладувале поддржувачите на предлогот на Народната партија.

Одѕивот на гласачите на овој референдум беше 63,1%, што е највисока излезеност на гласање во последните 20 години. Во големите градови како што се Берн, Биел и Лозана, можело да се забележат редици од луѓе кои чекаат да гласаат. Во Швајцарија најчесто излезеноста на гласачите е околу 40%, но овојпат многу повеќе Швајцарци излегоа на референдумот. Како што велат и самите, сакаат да им помогнат на луѓето на кои се однесува овој закон, а кои немаат право на глас.
Последната иницијатива на која се виде толку голем број на гласачи, беше гласањето за намалување на имиграција пред две години, кога излезеноста беше 55,8%.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија