
Резултатите од најновото истражувањето спроведено во Европската Унија, покажува дека Шведска има најпозитивен став кон доселениците кои доаѓаат надвор од ЕУ.
Евробарометарот покажа дека 62% од Швеѓаните веруваат дека ваквата миграција делува позитивнo на државата, за разлика од останатите 24 ЕУ земји кои беа дел од истражувањето, а кои покажаа негативен став кон ова прашање.
Во споредба со претходното вакво истражување спроведено во ноември 2015, бројот на Швеѓани кои ја поддржуваат ваква миграција, опадна за 8%.
Евробарометарот на Европската комисија се спроведува два пати годишно, а има за цел да ги оценувa ставовите и мислењата на граѓаните низ 28 земји-членки на ЕУ, пет земји-кандидати (Македонија, Турција, Црна Гора, Србија и Албанија) и на кипарските Турци. Секоја анкета се спроведува врз околу 1.000 лица.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска
