Уште една категорија возила сега мора да плаќа патарина. Не се грижете, приватните автомобили и понатаму се возат бесплатно.
Досега само камионите чија тежина преминува 7.5 тони мораа да плаќаат патарина, но сега работите се менуваат. Така да возилата со маса од 3.5 до 7.5 тони ќе го плаќаат следново:
- Еуро 6 стандард ќе плаќа 15.1 центи по километар
- Еуро 5 стандард ( EEV 1 класа ) ќе плаќа 18.9 центи по километар
- Еуро 4 стандард ќе плаќа 20.1 центи по километар
- Еуро 3 стандард ќе плаќа 22.5 центи по километар
- Еуро 2 стандард ќе плаќа 24.4 центи по километар
- Еуро 1 и 0 ќе плаќаат 24.8 центи по километар
Плаќањето ќе може да се врши онлајн или преку вградени системи во возилата или преку посебни терминали.
Многу е битно да се знае дека возач кој нема да плати патарина ќе добие казна од 240 евра. Доколку патувањата продолжат и возачот не ги плати казните и не одговори на опомените за плаќање се оди на суд и казната може да достигне до 20 000 евра.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.