Јапонски менталитет. Зошто нема нереди и грабежи

Јапонците, иако се наоѓаат во многу тешка ситуација, мирно стојат во ред за храна, вода и облека. И покрај сите несреќи што ги затекнаа по земјотресот, цунамито и експлозиите во атомската централа, не оставаат впечаток дека запаѓаат во очај. Нивното мото е „Мирно и заедно“.

Јапонската традиција не дозволува луѓето да го изгубат угледот, без оглед на тоа во какви ситуации се наоѓаат. Меѓутоа, последниве четири-пет дена имаат и повеќе од доволно причини за очај.

Жителите на областите погодени од земјотресот и цунамито останаа без покрив над главите, а многумина од нив сè уште ги бараат најблиските.

Доколку некој украде нешто, не само што со тоа би го нарушил својот, туку би го нарушил и угледот на целото семејство.

За несреќа, им се заканува и радиактивно озрачување по неколкуте експлозии во амтомската централа. Но на снимките кои кружат низ светот можат да се видат Јапонците кои, на ниски температури, мирно чекаат во ред за храна, вода и облека, и кои настојуваат да се спаси она што може да се спаси. 

И тоа без испади и насилство.

Кога залихите станаа достапни благодарение на различните организации, Јапонците многу учтиво и смирено си го чекаа својот ред, без туркање или расправии. Продавниците драстично ги намалија цените на производите, додека сопствениците на кафематите и останатите автомати за продажба на пијалаци ги отворија вратите на своите фрижидери за сите волонтери кои помагаат во ваквите кризни ситуации.

Единствените вести кои не стигнуваат од Јапонија се оние за кражби. Се чини дека прашањето зошто во Јапонија нема кражби е реторичко.

Имено, жителите на Јапонија се одликуваат со понизност, достоинство, но се свртени кон потребата да ја докажат честа на своето семејство со тоа што правилно ќе си ја извршат својата работа. Во тој свет честа го диктира однесувањето. Тоа е вредност како за младите така и за старите, за остварување низ образованието, но и за деловни дострели и успеси.

Иако важи правилото дека секаде постојат исклучоци, статистиките покажуваат дека криминалот во Јапонија е многу редок. Доколку некој украде нешто, не само што со тоа би го нарушил својот, туку би го нарушил и угледот на целото семејство.

Кога ќе ја споредиме оваа ситуација со последиците од земјотресот во Чиле, Хаити или некоја друга природна непогода во некоја друга земја, би виделе дека во остатокот од светот бројот на криминални дејствија расте со невидена брзина. Неколкумина секогаш се здружуваат дури и кога катастрофата е на својот почеток.

Исто така, познавачите на јапонскиот менталитет истакнуваат дека Јапонците се многу повлечени кога станува збор за искажување на личните чувства и дека не сакаат да ги оптоваруваат другите со своите емоции. Тоа го објаснува фактот зошто многумина од нив се смешкаат кога даваат изјава дека изгубиле сè. 

За многу Европејци тоа е несфатливо. Меѓутоа, јапонската традиција налага поединецот да не смее да ги пренесува своите лоши чувства на други луѓе.

Јапонците притоа се и многу поопуштени во однос на другите народи. Менталитетот, традицијата, но и шокот се причините поради кои Јапонците се однесуваат вака во оваа тешка ситуација. Тие секојдневно мислат на земјотреси, емотивно се подготвени на нив и отсекогаш очекувале дека ќе се случи еден голем земјотрес. 

На Јапонците им е важна хармонијата во групата. Секој Јапонец е дел од една група, што значи дека сите мораат да го следат истото правило – нема недолично однесување. Јапонската филозофија гласи дека човекот кој има испади паѓа на товар на целата група. Значи, сите припадници на групата го имаат истиот проблем кој можат да го решат само со заеднички труд и напор.

Впечатокот дека Јапонците не сакаат помош од странство, па дури ни од јапонските иселеници исто така е дел од нивниот менталитет. Во овие мигови, објаснуваат упатените, помошта од странство им пречи бидејќи тие не сакаат да им кажат на луѓето да дојдат во Јапонија, а претходно да не знаат што да прават со нив, зашто луѓето треба да се сместат, а тие не го знаат јапонскиот јазик, не знаат каде треба да одат, па затоа, Јапонците првин сакаат да видат каде точно им треба помош за потоа да ја побараат истата.

Кон ова се придржува и јапонската дијаспора. Првин чека информации и насоки од Јапонија, а потоа ќе реагира. Јапонската дијаспора порачува: „Тие ќе ни кажат што ни е потребно, а кога ќе ни кажат, ние ќе се размрдаме. Кај нас нема движење колку само да се рече дека правиме нешто“.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија