Врз депресијата можат да влијаат многу фактори, како што е на пример генетиката и семејните проблеми, но исто така влијае и работа со која се занимавате. Истражувањата од 2014 година покажаа дека луѓето кои работат во јавниот транспорт, градежниот сектор и јавните услуги се повеќе склони кон депресија. Но, тешко е да се утврди дали работата е она кое ги тера луѓето да бидат депресивни, или пак едноставно луѓето склони кон депресија се одлучуваат за овие работни места.
Истражувањето на Националниот институт за ментално здравје, покажа дека 6,7% од Американците, или повеќе од 20 милиони од нив, се соочуваат со депресија. Овој проблем ја намалува продуктивноста кај работникот, а тоа компаниите ги чини околу 80 милиони долари годишно.
Една студија предводена од Vulsin Lawson од Универзитетот во Синсинати, покажа дека највисок степен на склоност кон депресија се јавува кај работниците кои имаат честа интеракција со клиенти, високо ниво на стрес и ниска физичка активност.
Освен вработените во јавниот транспорт и градежништвото, склони кон депресија се и вработени во производната индустрија, адвокатите, брокерите, како и оние кои се занимаваат со квалитетот на животната средина и домување, печатење и издавање.
Еве ги десетте професии во кои постои најголем број депресивни луѓе:
- Јавен превоз – 16,19%
- Градежен сектор – 15,65%
- Јавни услуги – 14,60%
- Производна индустрија – 14,25%
- Лични услуги – 14,25%
- Адвокати – 13,44%
- Испитување на квалитет на животната средина и домување – 13,42%
- Членови на организации – 13,28%
- Брокери – 12,60%
- Печатење и издаваштво – 12,43%