Што е тоа Selbstauskunft ?
Едноставен документ во кој се наведени вашите лични податоци, а во повеќето случаи вашата економска и станбена состојба.
Најчесто со терминот Selbstauskunft се среќаваме кога бараме стан. Со овој документ, сопственикот сака да се информира за вашиот брачен статус, способност за плаќање и да види можни проблеми или правни случаи кои се водат против вас.
Примерок што можете да го спуштите и користите можете да најдете овде:
Прашања и мала помош со одговорите:
Name, Vorname (ggfls. Geburtsname) – Вашето, и името и презимето на лицето што ќе живее со вас (маж, жена, девојка…). Дополнително, честопати треба да ги наведете името и возраста на секое лице кое ќе живее со вас во посебна табела.
- Familienstand – брачна состојба
- Ledig – Самец
- Verheiratet – во брак
- Verwitwet – Вдовец/Вдовица
- Geschieden – Разведен
- Geburtsdatum – датум на раѓање
- Aktuelle Anschrift Straße | PLZ | Ort – моментална адреса на која сте пријавени
- Telefon‐Nummer, Mobilfunk, Email Adresse – ваши податоци за контакт
- Ausgeübter Beruf – Што имате завршено. Вашиот највисок академски степен или моментално занимање
- Mntl. Nettoeinkommen – Вашиот нето приход. Приходот после сите даноци и одбитоци. Запишете ги сите приходи што ги имате, не мора да бидат само од платата. Само бидете внимателни кога претерувате, сопственикот секогаш може да побара изјава за вашата плата, па лесно е да се разбере дека сте напишале лага. Но, малку флексибилност не боли (на пример, јас напишав дека за стан во Македонија што го издавам добивам 400 Е месечно;). Тешко е да се провери и тој дополнителен „приход“ беше важно да се покаже бидејќи мојата плата во тоа време беше смешно ниска).
- Derzeitiger Arbeitgeber, Name | Anschrift | Telefon | seit wann beschäftigt? – Тековниот работодавач и неговите податоци за контакт. Од кога си вработен таму.
- Derzeitiger Vermieter, Name, Telefon? – Сегашниот наемодавач и неговите податоци за контакт. Ова прашање во моментов е предмет на дискусија, бидејќи давате приватни податоци на лице без согласност, што е забрането според новиот закон за заштита на податоците. Прашање е и дали сакате вашиот нов сопственик да го повика сегашниот.
- Bestehen Mietrückstände aus bisherigen Mietverhältnissen? – Дали имате долгови кон минатиот или сегашниот сопственик?
- Wurde in den letzten 5 Jahren eine Räumungsklage gegen Sie erhoben? – Дали против Вас е поведена извршна постапка во изминатите 5 години?
- Haben Sie in den letzten 5 Jahren eine eidesstattliche Versicherung abgegeben? – Eidesstattlice Versicherung е правен институт кој се занимава со долгови, стечај, блокади и слично. Ако никогаш не сте биле во контакт со овој термин, тогаш одговорот на ова прашање е „не“.
- Wurde in den letzten 5 Jahren ein Insolvenzverfahren gegen Sie eröffnet? – Дали против вас е покрената постапка за неликвидност во последните 5 години?
- Gibt es Vorstrafen oder ein Haftbefehl gegen Sie? – Дали сте казнувани или е издаден налог за ваше апсење?
- Beziehen Sie Sozialleistungen zur Zahlung der Miete und/oder Kaution? – Дали добивате социјална помош за плаќање кирија и/или кауција?
- Ist eine gewerbliche Nutzung der Wohnung beabsichtigt? – Дали планирате да го користите станот за деловни цели?
- Beabsichtigen Sie weitere Personen in die Mietwohnung aufzunehmen oder eine Wohngemeinschaft zu gründen? – Дали имате намера да прифатите друго лице во станот или да основате заедница за станари?
- Spielen Sie Musikinstrumente? – Дали свирите на музички инструменти? Се разбира не!
Забранети прашања во Selbstauskunft
Прашања за вашите приватни планови, колку деца планирате да имате и слично, за религија, партиска припадност, сексуална ориентација, националност, здравствена состојба и други приватни прашања за кои сопственикот нема легитимен интерес не се дозволени со закон.
Последици од лажни наводи
Доколку сопственикот сфати дека сте дале лажни информации, шансата да добиете стан е сведена на минимум. А ако го сфати тоа по потпишувањето на договорот, постои можност да го раскине договорот за закуп без отказен рок.
Прочитајте како да најдете стан во Германија. Кликнете овде.