Дозвола за работа во Словенија

Доколку сакате да работите во Словенија, но не доаѓате од држава членка на Европската Унија, тогаш потребна Ви е работна дозвола. Работната дозвола се издава на граѓани од трети земји, но исклучок од ова правило се:

– членови на семејството на словенечки граѓанин;
– странци со дозвола за постојан престој;
– бегалци;
– странци кои имаат добиено дозвола за долгорочен престој во друга земја-членка на ЕУ, по која престојуваат во Република Словенија за една година;
– странци на словенечко потекло до трета генерација;

Што се однесува до граѓаните од трети земји, дозвола за работа можат да добијат ако најдат работодавец кој ќе ги вработи и во тој случај работодавецот треба да обезбеди т.н. дозвола за работа, која се издава за една година, а потоа може да се продолжува за секоја наредна година. Дозволтеи се издаваат од страна на Службата за вработување на Словенија врз основа на Законот за вработување и Законот за странци.

Работодавецот може да вработи странец само ако за тоа работно место не постојат соодветни кандидати пријавени во Заводот за вработување во Република Словенија. По изминати 20 месеци на работа можете да добиете лична работна дозвола со рок на важење од три години, со која, во случај да останете без работа, имате право да се пријавите во евиденцијата на невработени лица што ја води Заводот за вработување, каде што ќе добиете свој советник за вработување кој ќе ви помага при барањето работа.

Дали е можно едниот брачен другар да добие работна дозвола врз основа на онаа која ја добил другиот брачен другар?

Едно од најчесто поставуваните прашања е дали ако едниот брачен другар веќе има дозвола за престој или работна дозвола, другиот брачен другар може да извади своја врз основа на ова. Според промените во Законот за вработување на странски државјани од 21.02.2015, дозволата за работа може да важи само за еден странец.

Лице со високо образование може да поднесе молба за издавање на т.н. сина карта само ако има склучен договор за вработување за најмалку една година и обезбедена плата во висина од најмалку 1,5 од просечната годишна бруто-плата во Словенија. На веб-страницата на Заводот за вработување можете сами да ги следите објавите на слободните работни места, распоредени по региони и по занимања.

Вашата биографија испратете ја на различни адреси на фирми или установи каде што би сакале т.е. каде што би можеле да се вработите. Информации во врска со признавањето на образованието кое сте го стекнале во странство може да најдете на веб-страницата на Министерството за високо образование, наука и технологија.

Овластување  за  работа е  највообичаениот  вид  на  работна  дозвола  кога  сте вработени  во  некоја компанија. Според законот, оваа дозвола може да ја побара работодавец и истата се издава под услов да нема  домашни невработени  лица или  други  лица  кои  според  законот  ги уживаат истите  права  како и домашните  државјани  кои  одговоараат  за  даденото  работно  место  (треба  да  се  земат  во  предвид  и приоритетите  пропишано  со  Законот  за  вработување  на странци) и  годишната  квота  за  ваков  вид  на вработување.

Овластувањето за вработување се издава за временски период назначен од работодавачот во апликацијата, но не подолг од една година. Овластувањето на работа се издава и на назначени лица; обучувачи; сезонски работници; менаџери; работници под договор – изведувачи. За секоја од овие категории на работници постојат посебни одредби кои се однесуваат на валидноста на нивните дозволи, условите за издавање и исклучоците од истите. Некои договорни услуги на изведувачи можат да се изведуваат и без дозвола за работа, во случај кога истите не надминуваат одреден назначен (краток) временски период. 

Но, сепак ваквите слуги треба да се пријават  во  ЕЅЅ  од  страна  на  клиентите  за  кои  истите  се  изведуваат  или  пак  од  организаторите  на настанот. Меѓу овие категории спаѓаат и: договорни услуги изведувани од уметници и професионални автори кои обезбедуваат разонода било индивидулано или во групи; саемски услуги; услуги поврзани со набавки и послепродажни услуги како и итни услуги.

Апликациите за издавање на овластување за работа за сезонски работници во основа се поддаваат во регионалните канцеларии на Словенечката служба за вработување каде работодавецот има регистрирано седиште, додека пак останатите апликации се поддаваат во централната канцеларија на Словенечката служба за вработување која одлучува во врска со доделувањето на дозволите.

САМОВРАБОТУВАЊЕ

Една од можностите за вработување е и можноста за самовработување – отворање приватно претпријатие. Во
таков случај ви се потребни значителни финансиски средства. Еден од условите за добивање  дозвола за работа, во случај на основање д.о.о., е инвестиција во висина од минимум 30.000 евра за почеток на друштвото. Услов за основање Т.П. е најмалку едногодишен претходен престој во Словенија.

Информациите за можностите за регистрирање и за вработување во приватни друштва можете да ги најдете на државната веб-страница наменета за претпријатијата и за приватниците.

ДОБИВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ПРЕСТОЈ

Откако ќе добиете работна дозвола, сами мора да си ја регулирате и дозволата за престојување. Барање за издавање дозвола за прво престојување може да поднесе и вашиот работодавец, во управната единица во Словенија, а ако сами поднесувате такво барање, тогаш мора да го поднесете во дипломатско-конзуларното претставништво во вашата матична земја.

Повеќе информации во врска со постапките, условите и со можностите за живот (влез во земјата, видови работни дозволи, курсеви за словенечки јазик…) во Словенија, можете да најдете на веб-страницата Министерството за внатрешни работи.

Забелешка: Трошоците за постапките се пропишани во форма на управни такси. Таксите секогаш ги плаќа подносителот.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија