„Woods Canada“ нуди работа од соништата

„Woods Canada“ е канадска компанија за спортска опрема која неодамна објави оглас за работа од соништата.
Имено, работата се состои од пешачење низ планиниските предели на Канада, на најдолгата пешачка патека во светот долга 17.000 километри. Работата е во времетраење од пет месеци, за што ќе добиете плата во износ од 20 илјади долари.

Целта на компанијата е да најде свои амбасадори кои ќе зборуваат за личното искуство во текот на пешачењето и притоа ќе го документираат сето тоа со фотографии и видеоснимки. На тој начин ќе го рекламираат брендот „Woods Canada“. Компанијата ќе ги опреми од глава до петици, а задача на избраните ќе биде да ја тестираат спортската опрема на терен.

Меѓу условите кои кандидатите мора да ги исполнуваат се добра физичка кондиција, способност за искачување на стрмни предели, планинарење, кајакарство и пливање, како и подготвеност да поминат неколку недели сами во природа.

Повеќе информации можете да прочитате овде.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија