Германски фирми кои мака мачат да најдат работници. Тука можете да аплицирате за работа!

Последните неколку дена открив нешто интересно. Редовно ја следам посетеноста на страната и во главата имам графикон кој најчесто следи позитивен тренд. Во 3 и 4 месец годинава забележав опасен пад на посетеноста. Во 5ти пак работите се подобрија, а во 6ти, 7ми, 8ми, 9ти и 10ти цело време е во позитивен тренд. Можеби некој веднаш сфати – токму тоа е трендот на присуството на короната во нашите животи.

Со доаѓањето на короната и неконтролираното темпо на проширување, постоеше неизвесност и помал интерес од читателите за темите за кои пишувам. Поедноставено – има помал интерес за живеење во Германија и помалку луѓе бараат работа во Германија затоа што веруваат дека сега е погрешно време за барање.

Но дали е тоа вистина? Дали има смисла да барате работа во Германија во моментов?

Марина од die-bewerbungsagenture направи голем напор да направи список на компании кои сега (да, сега) бараат вработени и направи список заедно со линк за веднаш да се дојде до вистинската страница со информации.

Сите горенаведени се познати компании кои моментално мака мачат да најдат вработени бидејќи како и кај нас ситуацијата им е потешка од порано. Ќе забележите дека најмногу ги бараат оние индустрии кои профитирале од оваа ситуација. Хотели, туризам итн никаде на повидок.

П.С. ако веќе аплицирате, има смисла добро да се подготвите.

Еве листа и линкови:

100 до 150 активни огласи за работа:

50 до 100 активни огласи:

Ако имате искуство пишете!

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО