Услови за да станете канадски државјанин

За да аплицирате за канадско државјанство, потребно е да исполнувате различни барања во зависност од Вашата ситуација. Граѓаните кои можат да аплицираат за државјанство се поделени во неколку групи:

– Постојани жители на Канада кои имаат најмалку 18 години (можат да аплицираат и за нивните малолетни деца);
– Сегашни или поранешни членови на канадските вооружени сили (CAF);
– Граѓани кои биле канадски државјани и сакаат повторно да стекнат државјанство;
– Посвоени деца надвор од Канада, за кои аплицираат нивните родители кои се канадски државјани;

Доколку се емигрирале во Канада, спаѓате во првата категорија. А еве кои се условите што треба да ги исполнувате ако сакате да аплицирате за канадско државјанство:

1. Потребна возраст
– мора да имате најмалку 18 години за да можете да аплицирате; за да аплицирате за државјанство за дете под 18 години треба да сте негов родител, посвоител или старател, детето мора да биде постојан жител и еден родител мора да биде канадски граѓанин или да да аплицирал за да стане државјанин во исто време (ова се однесува и на посвоителите).

2. Статус на постојан жител
– морате да имате дозвола за постојан престој (PR) во Канада. Тоа значи дека не смеете да бидете под надзор заради некаква измама, или под наредба за за да ја напуштите државата; не мора да имате PR картичка за да аплицирате; дури можете да аплицирате ако имате таква картичка, но со истечен рок;

3. Период во кој сте живееле во Канада
– мора да сте престојувале најмалку три години во последните четири години пред да аплицирате; ова не се однесува на деца под 18 години;

4. Добро познавање на јазик
– Канада има два официјални јазици: англиски и француски; за да станете државјанин, морате да покажете дека имате доволно познавање од еден од овие јазици; во принцип ова значи дека вие можете учествувате во кратки, секојдневни разговори, дека разбирате едноставни упатства, прашања и насоки, имате познавања од основните на граматика, вклучувајќи едноставни структури и времиња, како и тоа дека знаете доволно зборови и фрази за да одговорите на прашањата; ако сте на возраст помеѓу 18 и 54, морате да испратите документи со Вашата молба за државјанство, кои ќе служат како доказ дека можете да зборувате и да разбирате англиски или француски јазик на ова ниво;

5. Дали имате криминално досие
– не можете да станете граѓанин на Канада ако сте биле осудени за кривично дело или прекршок според Законот за државјанство, три години пред да аплицирате; во моментов се обвинети за прекршок според Законот за државјанство; сте во затвор, на помилување или условна казна; сте под наредба за отстранување, сте под истрага, обвинети сте, или веќе сте биле осудени за воени злосторства и злосторства против човештвото; Ви било одземено канадското државјанство во последните пет години;

6. Колку добро ја знаете Канада
– мора да ги разбирате правата, обврските и привилегиите на државјанството, како што се гласање на избори и почитување на законот; исто така треба да ја познавате канадската историја, вредности, институции и симболи.

Забелешка: Како резултат на промените во Законот за државјанство од 2014 година, доколку сте служеле во канадските вооружени сили, можете да аплицираат преку брза постапка. Странските членови на војската не мора да бидат постојани жители на Канада.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија