Што е подобро, виза за неограничен престој или германско државјанство?

Пишувавме за условите за добивање дозвола за неограничен престој во Германија како и (новите) услови за добивање германско државјанство. Бидејќи повеќето услови се преклопуваат, можете е да изберете еден или друг пат. За вас подготвивме одлична анализа и споредба на неограничената дозвола за престој и германско државјанство – дознајте „што е подобро“ за вас.

Се зависи од вашите цели

Донесувањето на оваа одлука најмногу зависи од вашите цели. Наједноставно кажано, ако сакате (подолго) да работите во Германија, а потоа да се вратите во татковината, веројатно најмногу би ви одговарала неограничена работна дозвола за престој – на овој начин нема да ви треба дозвола за работа и престој по вашето враќање во родната земја.

Од друга страна, ако сакате целиот живот да го поминете во Германија, многу полесно да патувате низ светот за бизнис и туризам, можеби и работа во странство, во тој случај подобро е да земете германско државјанство.

Анализа – неограничен престој или германско државјанство

Составивме околу 10 од најважните критериуми кои (според наше мислење) треба да се земат предвид при донесување одлука и избор на едното или другото.

КритериумиNiederlassungserlaubnis
т.е неограничен престој
Einbürgerung
т.е натурализација
1. Работа во Германија и можни работни места/занимањаВи се отвора можноста да работите на работни места надвор од вашата првобитна професија (ако сте работеле како инженер, можете да почнете да работите како келнер). Не можете да работите во војска или да станеш државен службеник т.е. Beamter.Можете да изберете да работите која било работа т.е. имате можност за работни места кои се достапни само за германските граѓани (армија, во повеќето случаи полиција, државен службеник т.е. Beamter итн.).
2. Преселба во друга земјаНеограничената дозвола за престој не ви дава привилегии ако се селите низ светот. Условите на вашиот пасош важат без оглед на дозволата за престој. Ако се преселите во друга земја и поминете повеќе од шест месеци таму, автоматски ќе ја изгубите вашата неограничена дозвола за престој и работа.ЕУ: Кога ќе земете германско државјанство, имате можност да се преселите во други земји на Европската Унија без никакви дополнителни визни потешкотии. Само наоѓате стан и работа и се пријавувате во полиција дека сте таму = исто ви е како да се селите од Франкфурт во Берлин или од Хамбург во Барселона или Париз.

NON-ЕУ: На светско ниво важат условите што важат за граѓаните на Германија (многу полесни отколку за граѓаните на земјите од поранешна Југославија).
3. ДокументиЗа нови документи, треба да отидете во конзулат или амбасада, по што треба да отидете во Ausländerbehörde за да ја пренесете визата или дозволата за престој во новиот пасош.Локалната државна администрација е одговорна за вас и вашите документи.
4. Политика и политички ангажманНемате право да гласате на германски и европски избори, додека можете да учествувате на избори во вашата татковина доколку вашата земја дозволува гласање од странство. Се разбира, секогаш можете да патувате дома и да гласате. Како странец, не можете да учествувате во германскиот политички живот, ниту пак можете да ја водите политиката на друга земја во Германија.Може да се вклучите политички во Германија и да гласате на европски и германски избори. Немате право да гласате на избори во вашата матична земја, ниту од Германија, ниту за време на посета на вашата матична земја.
 5. ПатувањаУсловите за патување не се разликуваат во споредба со која било друга германска виза и дозвола за престој. Условите за патување се одредуваат со вашиот сегашен пасош.

Можете да патувате во многу повеќе земји без визи без дополнителни бирократски пречки. Според веб-страната Passport Index, германските граѓани можат да патуваат без виза во 167 земји (127 целосно без визи, за 40 земји визата се добива на аеродромот при слетувањето), додека на Германците им е потребна само валидна виза за влез во 31 земја. → Германија: 127, 40, 31.

Споредба со екс-ју земји:
Македонија: 77, 45, 76
Хрватска: 117, 43, 38
Србија: 86, 45, 67
Црна Гора: 78, 43, 77
БИХ: 74, 43, 81.
6. Враќање во татковинатаВо секое време можете да се вратите да живеете во Македонија „како никогаш да не сте биле во Германија“. Меѓутоа, ако останете подолго од шест месеци во вашата матична земја, Niederlassungserlaubnis автоматски престанува да важи.Ако сакате да се вратите во Македонија и да поминете повеќе од 3 месеци таму, ќе треба да добиете виза, работна и/или дозвола за престој.
7. Посета на татковинатаПри посета на Македонија, не морате да пријавите до надлежните органи дека сте во земјата.При секоја посета на татковината, мора да се пријавите во полициската станица дека сте во земјата. Барем теоретски хехе :).
8. Трошоци за поднесување на барањеПомеѓу 113 и 147 евра, во зависност од видот на Niederlassungserlaubnis.Самото барање чини 255 евра. Покрај тоа, постојат можни трошоци за откажување од родното државјанство.
9. Негативни последици во родната земјаНема (познати) негативни последици.Ако го изгубите родното државјанство, постои можност да го изгубите наследството или, не дај Боже, конфискација на вашиот имот. Внимателно распрашајте се во вашата земја за тоа како откажувањето на државјанството влијае на вашата имотна состојба како и на други слични негативни ефекти.
10. Дали ве интересира некоја друга споредба? Дали пропуштивме нешто друго?
Пишете ни во инбокс да ја комплетираме табелата 😍

Како и сè во животот ништо не е црно или бело. Секој треба сам да одлучи за себе.

СЕКОГАШ можете повторно да го добиете вашето родно државјанство

Важно е да се нагласи дека, доколку се одлучите за германско државјанство, можете да го вратите вашето родно државјанство во секое време, на пример, ако сепак сакате да се вратите во својата татковина засекогаш. За тоа треба да отидете во одделението за државјанство на полицијата и да поднесете барање за реадмисија во државјанство. Се разбира, оваа услуга чини пари. Да повториме од претходните текстови, според законите кои важат денес (мај 2023 година), во моментот на повторното стекнување на родното државјанство, германското државјанство автоматски престанува да важи доколку не сте добиле согласност од Германија дека смеете да го вратите вашето старо државјанство..

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија