Неограничени дозволи за престој: Niederlassungserlaubnis и Erlaubnis zum Daueraufenthalt-EU

Една од „големите цели“ за време на долгата и напорна борба со ABH (Ausländerbehörde) е да се добие неограничена дозвола за престој. А дали знаевте дека не постои ЕДНА, туку неколку видови на таа дозвола? Во овој текст ги претставуваме сите видови како и алтернативата на ЕУ.

Niederlassungserlaubnis: 6 видови на неограничени дозволи за престој и работа за Германија

Niederlassungserlaubnis (во превод: дозвола за престој) му дозволува на својот сопственик неограничен престој и работа во Германија. Дозволите за неограничен престој и работа може да се добијат на неколку начини, а вашата моментална дозвола за престој диктира дали можете да аплицирате за таканаречен „постојан престој“ или не.

Видовите на Niederlassungserlaubnis се следните:

  1. Дозвола за престој за признати баратели на азил и бегалци
    Оваа дозвола може да се добие со статус на бегалец или азил. Подетални информации за Niederlassungserlaubnis für anernaknte Asylberechtigte und Flüchtlinge можете да најдете овде ↗️
  2. Дозвола за престој на странски апсолвенти на германски високообразовни институции
    Ако сте ги завршиле студиите или Ausbildung во Германија, ова може да биде патот за вас. Можете да видите повеќе информации за Niederlassungserlaubnis für Fachkräfte овде ↗️
  3. Дозвола за престој за членови на семејства на германски државјани
    Ова е веројатно најдобриот начин за луѓето чиј сопружник веќе има германско државјанство. Можете да видите повеќе за Niederlassungserlaubnis für Familienangehörige von Deutschen овде ↗️
  4. Дозвола за престој за оние кои имаат сина карта на ЕУ
    Ако моментално сте носител на сина карта, тогаш ова е релевантен пат за вас. Можете да најдете повеќе информации за Niederlassungserlaubnis für Inhaber einer Blauen Karte ЕУ овде ↗️
  5. Дозвола за престој за деца над 16 години
    Ако вашите деца живеат во Германија и сакате да аплицирате за неограничена дозвола за престој за нив, тогаш веројатно ова е патот за вас. Можете да видите повеќе за овој Niederlassungserlaubnis für Kinder (од 16 Jahre) овде ↗️
  6. Дозвола за престој за претприемачи
    Ако имате своја компанија, ова може да биде патот за вас. Дознајте повеќе за овој Niederlassungserlaubnis für Selbständige овде ↗️

Услови за неограничен престој и дозвола за работа

Секоја од горенаведените 6 дозволи има свои услови. Исто така, условите зависат од вашата почетна точка. На пример, патеката е различна во зависност од тоа дали имате високо образование или не, која дозвола за престој моментално ја поседувате итн.

Во овој текст ќе ги објасниме општите услови за добивање на Niederlassungserlaubnis. Дополнителни услови за конкретни дозволи за добивање можете да прочитате на горенаведените линкови.

Општите услови за добивање на Niederlassungserlaubnis се следните:

  1. Да живее непрекинато минимум 5 години во Германија. Времето кое сте го потрошиле на студии или некоја друга форма на образование се пресметува со коефициент 0,5. На пример, лице со 3 години работно искуство во Германија и 4 години студирање може да аплицира за Niederlassungserlaubnis (31+40,5=5)
  2. Можете самостално да се издржувате финансиски.
  3. Имате важечки договор за изнајмување стан (Mietvertrag) за вас и вашето семејство доколку сте во брак.
  4. Тековна пријава на адреса
  5. Имате валидно здравствено осигурување.
  6. Имате платено минимум 60 месеци (5 години) пензиско осигурување. Во пракса тоа значи дека сте работеле 5 години во Германија.
  7. Не сте биле осудени за никакво кривично дело.
  8. Имате диплома за германски јазик: минимум Б1 јазично ниво.

Во законот за Niederlassungserlaubnis (реченица 2, точка 8) стои дека треба „да поседувате основни познавања за правниот и социјалниот систем и условите за живеење во Германија“, што се докажува во пракса со полагање на Einbürgerungstest. Сепак, како што известуваат нашите читатели кои го добија Niederlassungserlaubnis во Берлин и Хамбург, не им требаше Einbürgerungstest.

Олеснителни околности за одредени групи: Сина карта, дипломирани студенти на германски универзитети…

Лицата кои имаат сина карта на ЕУ (согласно законот § 19a Abs. 6 AufenthG ↗️) како и само основно познавање на германскиот јазик (A1), можат да поднесат барање за Niederlassungserlaubnis наместо после 60, тоа може да го направат после 33 месеци на квалификувана работа. Ако некое лице има добро познавање на јазикот (Б1), тој период дури се намалува на 21 месец.

Оние кои студирале во Германија може по две години работа во својата професија и плаќање пензиско осигурување (кое автоматски се одбива од платата) да побараат неограничен престој.

Претприемачите можат да побараат Niederlassungserlaubnis по 3 години. Услов за тоа е компанијата да биде профитабилна и претприемачот да може со неа да се издржува себеси и своето семејство. Дополнително, претприемачот мора редовно да го плаќа пензиското осигурување. Оваа привилегија не важи за хонорарците ( Freelancer ).

Ако сте во брак или во граѓанско партнерство со носител на германски пасош или живеете со дете кое има германско државјанство, тогаш не треба да докажувате исплати на пензиското осигурување. Но, и во овој случај важат другите наведени услови.

Лицата кои мора да посетуваат интеграционен курс можат да го искористат сертификатот од посетувањето на тој курс и со тоа да го потврдат своето основно познавање на германскиот јазик како и познавање на правниот и социјалниот систем и условите за живот во Германија.

Како може дозволата за престој да ви биде прекината односно одземена

Niederlassungserlaubnis престанува да важи ако лицето е депортирано во својата татковина, ако нема важечки пасош, ако го промени државјанството или ако ја напушти Сојузна Република Германија подолго од шест месеци.

Напуштањето на Германија на 6 месеци во пракса значи одјавување на престој во Германија. Сепак, не може да се исклучи дека може да се појават тешкотии ако сте регистрирани во Германија, но всушност се преселите на друго место. Во пракса се гледа само пријавувањето на живеалиштето, но ако те фатат на дело или на граница поставуваат прашање-две на кои ќе дадеш чуден одговор, тогаш можат да проверат дали навистина си бил во Германија.

Во некои случаи, можно е да се задржи Niederlassungserlaubnis дури и ако живеете во друга земја повеќе од шест месеци – за ова треба да сте поминале најмалку 15 години редовно во Германија.

Erlaubnis zum Daueraufenthalt-EU: Неограничена дозвола за престој и работа за ЕУ

Покрај Niederlassungserlaubnis, постои и Erlaubnis zum Daueraufenthalt-EU – кој до декември 2013 година беше наречен Erlaubnis zum Daueraufenthalt-EG.

Со оваа дозвола, според § 9а Aufenthaltsgesetz ↗️ имате дозвола за неограничен престој во ЕУ. Во однос на Niederlassungserlaubnis, Erlaubnis zum Daueraufenthalt-EU овозможува повеќе права – првенствено можност за работа во други земји од Европската Унија.

Условите за добивање неограничен престој во ЕУ се речиси целосно исти како и за Niederlassungserlaubnis, со дополнителна потврда дека ги споделувате и почитувате вредностите на германското општество (што е само потпис на парче хартија). Повеќе информации за условите најдете овде ↗️.

Преселба во рамките на ЕУ

Можете да ја напуштите Германија за период до 12 месеци. Доколку сте имале сина карта на Европската унија пред Erlaubnis zum Daueraufenthalt-EU, овој период се продолжува на дури 24 месеци.

Ако сакате да се преселите во друга земја на Европската Унија, можете да го направите тоа со Erlaubnis zum Daueraufenthalt-EU до 6 години и со многу мала администрација. Сепак, ова правило не важи за Данска, Велика Британија и Ирска.

Ако сакате да се преселите во друга земја на ЕУ на подолг временски период, можете едноставно да отпатувате во таа земја и таму да аплицирате за вашата дозвола за престој. Доколку немате Erlaubnis zum Daueraufenthalt-EU, за таков чекор би морале да се вратите во вашата земја и да аплицирате таму. Како и со претходното правило, ова не важи за Данска, Велика Британија и Ирска.

Во овој текст дознавме за видовите Niederlassungserlaubnis, односно неограничен престој и работа во Германија, како и неговата алтернатива на ниво на Европската Унија. Пишете ни ги вашите искуства за време на процесот на добивање на овие документи или размислување за нив, а ние ќе подготвиме споредба на овие дозволи со земање германско државјанство во меѓувреме 😊

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија