Работа во Австрија преку црвена-бела-црвена карта

Од јули 2011 година, во Австрија на сила стапија новите правила за населување на странци со одредена квалификација. За таа цел се воведе нова дозвола за населување поточно црвена-бела-црвена карта. Оваа карта се издава за период од дванаесет месеци и на работникот му овозможува престој во Австрија со фиксно определен датум и вработување кај одреден работодавач.

 184card

Право на црвена-бела-црвена карта имаат:

  • високо квалификувани работници
  • работници од дефицитарен кадар
  • други работници
  • дипломирани студенти на австриските универзитети и колеџи
  • самовработени работници

 

1. Високо квалификувани работници

Можат да аплицираат за шестмесечна виза заради барање на работа, ако постигнале минимум 70 бодови според следната листата на критериуми

1

Доколку ги исполнувате критериумите, можете да поднесете барање за виза во австриската амбасада. Формуларите за аплицирање се достапни во самата амбасада.
Високо квалификуваните работници кои имаат добиено ваква виза, можат да аплицираат за црвена-бела-црвена карта кај надлежниот орган во Австрија, доколку се во можност да достават понуда за вработување (договор за работа) во текот на периодот на важење на визата. Надлежен орган може да биде провинцискиот гувернер (Landeshauptmann), овластениот регионален управен орган (Bezirkshauptmannschaft) или локален административен орган (Magistrat).


2. Работници од дефицитарен кадар

Искусни работници од дефицитарен кадар можат да добијат ваква карта со важност од дванаесет месеци, доколку:

– се во можност да прикажат доказ за завршена обука
– добиле понуда за работа во Австрија, а потенцијалниот работодавец е подготвен да ја надомести минималната плата утврдена со закон или колективен договор
– постигнале минимум 50 поени според следнава листа на критериуми

2


3. Други работници

Други работници кои се сметаат како клучни поради нивните квалификации, можат да аплицираат за црвена-бела-црвена картичка со важност од дванаесет месеци, доколку ги исполнуваат следниве барања: потенцијалниот работодавач да е подготвен да ги плати според законскиот минимум (за работници со над 30 години: 2790 € бруто месечна плата плус посебни плаќања; за работници под 30 годишна возраст: 2325 € бруто месечна плата плус посебни плаќања).

Овие работници треба да имаат минимум 50 поени според следнава листа на критериуми:

3


4. Дипломирани студенти на австриските универзитети и колеџи

Дозволата за престој на ученици и студенти не ја исклучува и работата, освен ако примарната цел на престојот, на пример образованието, е загрозено.

Учениците и студентите од трети земји, како и од Хрватска, се предмет на Законот за регулирање на вработувањето странски државјани, според кој ним им е потребна дозвола за вработување (Beschäftigungsbewilligung). Барањето за издавање на дозволата мора да се поднесе до Агенцијата за вработување(Arbeitsmarktservice – АМС) од страна на работодавачот.


5. Самовработени работници

Државјани од трети земји можат да аплицираат за ваква карта како самовработени работници, ако нивната самостојна дејност во Австрија создава макроекономска корист.

Ова може да биде случај ако:

– работата опфаќа постојан трансфер на капитал во Австрија
– создава нови работни места или ги обезбедува постојните работни места во Австрија
– воведува нови технологии или
– компанијата е од значителна важност за целиот регион

За самовработени работници, не постои систем со поени.

Доколку сметате дека спаѓате во некоја од овие пет групи, повеќе информации за начинот на аплицирање за ваква картичка, можете да прочитате тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија