Данска болница има потреба од специјалисти

Lillebaelt Hospital е болница во Данска која во моментов има потреба од специјалисти од различни сектори: неврологија, општа хирургија, специјалисти за центарот за ревматологија во Јужна Данска и одделот за интерна медицина (гастроентерологија). Доколку сте квалификуван специјалист во една од наведените области и имате дозвола за работа во Вашата земја, можете да аплицирате за овој оглас. Важно е да бидете професионални, да имате способност да останете смирени во секакви ситуации и да преземате одговорност за Вашите постапки.

Нудат редовен работен однос и плата со висина утврдена според данските закони.

Lillebaelt Hospital во самиот оглас ги охрабрува сите потенцијални кандидати да се пријават, со тоа што се отворени за помош околу сите процедури кои би следеле по вработувањето, на пример добивање дозвола за работа, наоѓање престој, детска заштита, помош во наоѓање работа и за Вашиот брачен другар, добивање на потребните квалификации, учење на јазикот и слично.

Доколку сакате да аплицирате, испратете го Вашето CV (на англиски јазик) на e-mail адресата [email protected] заедно со мотивационо писмо и копија од Вашите дипломи.

Официјалниот оглас со многу повеќе информации можете да го најдете овде.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија