Турист во Норвешка нападнат од мечка

Норвешкиот остров Свалбард е едно од најдобрите места на Земјата да се доживее затемнување на сонцето. Но, исто така, овој остров е дом на многу мечки.

Дека дивиот свет е непредвидлив и опасен, може да потврди и Моравец – турист од Чешка чиј шатор бил нападнат од мечка. Како што вели тој, во утринските часови го разбудило некако шушкање, а веднаш потоа бил извлечен од шаторот без да има време да реагира.
„Само ги ставив рацете на мојата глава и се обидував да се заштитам.“ – вели Моравец.
Наскоро се слушнале истрели и мечката била убиена од страна на спасувачките екипи, објави Ројтерс.

Моравец изјавил дека бил многу исплашен, но е среќен што е жив. Се очекува за скоро време да излезе од болница.

26CE776600000578-3002671-image-a-1_1426784720307

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија