Што содржат новите измени во Законот за работни односи на ОАЕ

Од 1 јануари 2016 година, Обединетите Арапски Емирати ги спроведоа сеопфатните реформи на стариот Закон за работни односи, што имаше за цел работниците да бидат позаштитени со договорите за вработување. Примарните промени се однесуваат на работниците ангажирани од странство, особено околу раскинување на договорите за работа, како и издавањето нови дозволи за работа.

Според новите регулативи, секој договор за вработување мора да ги содржи следниве седум точки:
1) Висина на плата
2) Датум на потпишување на договорот за вработување
3) Датум на отпочнување со работа
4) Каков тип е договорот (ограничен или неограничен)
5) Од каква природата е работата
6) Времетраење на договорот (за договори на определено време)
7) Локацијата на работното место

Со овие измени, работниците ќе бидат заштитени бидејќи работодавачите нема да можат своеволно да им ја намалат платата, да ги префрлат на друго работно место, или без оправдана причина да го прекинат договорот предвреме. Договорот треба да биде потпишан од страна на работникот, а потоа истиот да биде доставен до Министерството за труд, со цел работникот да добие дозвола за работа. Од Министерството изјавија дека досега многу од претпријатијата кои аплицирале за нови работни дозволи, покажале посветеност во заштита на правата на странските работници и ги следеле новите законски мерки.

Потсекретарот изјави дека оригиналниот договор за вработување треба да го задржат работодавачите, но доколку работниците се соочат со некаков проблем околу тоа прашање, можат да се обратат до Министерството за труд кое потоа ќе постапува по службена должност.