Скандинавија е област богата со јагоди, малини, боровинки, капини и многу други видови на вакво овошје. Во текот на летните месеци, Финска има потреба од сезонски работници кои ќе бидат задолжени за берење на плодовите од големите плантажи. Сезоната за берење трае од јуни до септември. Луѓето кои работат на плантажите најчесто се од други европски земји, бидејќи се поевтина работна сила од Финците.
Цената се движи околу 2,80 евра за 3 килограми јагоди. Просечно би можеле да наберете околу 60 килограми, што значи би заработиле 56 евра дневно, или 1680 евра месечно. Цените за берење малини се движи од 3 до 3,5 евра за килограм. Малините се полесни од јагодите, па треба повеќе работа за да наберете еден килограм.
На сезонска работа во Финска доаѓаат Украинци, Полјаци, Руси, Шпанци, Грци, Хрвати, Бугари и многу други, но меѓу нив има и Македонци. Наједноставниот начин да стигнете до Финска е со авион до Хелсинки, а потоа со воз до плантажата. Околу распоредот и цените на билетите можете да се информирате овде https://www.vr.fi/cs/vr/en/frontpage
Како до работа во Финска?
Постојат повеќе сајтови каде можете да аплицирате за сезонска работа во Финска. Март е веќе краен период за аплицирање, па доколку се заинтересирани, аплицирајте што побрзо. Тоа можете да го сторите на следните сајтови:
http://www.marjanviljelijat.fi/
http://www.jarmovaltari.fi/suncitybakers/site/
http://www.astikkalanmarjatila.fi/
http://www.anttilantila.fi/en/tyonhaku/
http://www.nevalanmaenmarjatila.fi/
Иако во најголем дел се напишани искучиво на фински, лесно ќе можете да аплицирате користејќи Google translate 🙂
Неколку совети: Кога ќе конкурирате, најважно е во Вашето CV да ги напишете Вашите лични податоци, дали имате искуство во оваа работа, дали сте здрави, издржливи, вредни, како и тоа дали добро зборувате англиски. Ова се најважните работи. Податоците поврзани со Вашето образование, квалификации и слично, нема да Ви бидат од голема полза, бидејќи Финците тоа не ги интересира. Ним им е важно само да сте физички спремни и да зборувате англиски за да немате проблем во комуникацијата.
Откако ќе добиете одговор, работодавецот ќе Ви објасни нешто повеќе околу сместувањето, платата, а Вие ќе можете да ги прашате сѐ што не ви е јасно. Најчесто превозот од сместувањето до работното место е обезбеден од страна на работодавецот. Некои работодавци не нудат сместување, но ќе Ви помогнат да најдете евтино сместување во близина.