Во учебната година 2022/2023, студентите од Западен Балкан ќе добијат можност да студираат во Шведска, при што ќе им бидат покриени трошоците за студирање и живот во оваа земја. Стипендиите ќе се однесуваат на магистерски студии, а за истите можат да се пријават студенти без разлика на возраста.
Рокот на пријавување ќе трае од 1 до 13 февруари 2022 година.
Програмата е отворена за кандидати од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
Стипендија нема да можат да добијат студенти кои:
– веќе живееле во Шведска во период од две или повеќе години пред објавата на конкурсот;
– имаат шведско или ЕУ државјанство, дозвола за постојан престој или дозвола за работа во Шведска;
– претходно веќе добиле стипендија за магистерски студии доделена од Шведскиот институт;
– веќе добиле било каква стипендија од Шведскиот институт;
– веќе имаат стекнато диплома од Шведски универзитет, факултет или колеџ;
– во моментов се запишани на студии на некој Шведски универзитет, факултет или колеџ.
Списокот на магистерски студии за учебната 2022/2023 година, ќе биде достапен во ноември. Кандидатите можат да се пријават на програмите од областа на општествените науки.
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина (кои се плаќаат директно на сметка на Шведскиот универзитет од страна на Шведскиот институт), а покрај тоа студентите ќе добиваат и по 9.000 шведски круни месечно, за покривање на трошоците за живот. Со оглед на тоа дека овие стипендии се наменети за балканските студенти, на истите еднократно ќе им бидат доделени и 5.000 круни за да ги покријат патните трошоци.
Повеќе информации за оваа програма можете да прочитате на сајтот на Шведскиот институт со кликање на следниот линк.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска